Места за посетување во 2010 2

mesta-koi-vredat-da-se-posetat-vo-2010-2-povekjeВчера ви пртставивме 5 места и настани кои вредат да се посетат во 2010 меѓу кои беа Истанбул, Мадрид, Шангај, Рио Де Жанеиро и Ванкувер. Еве ги...

 

...останатите 5 кои се најдоа на листата на 10 најпосакувани дестинации оваа година.

1. Осло – Евросонг 2010. Евровизија стана тотален кич и бесмислица, но сите го следиме овој “натпревар“. Се што добиваме е понижување и разочарување, а секогаш останува надежта дека ете оваа година можеби ќе отидеме чекор погоре. Сепак, Осло е прекрасен град кој вреди да се посети, па зошто да не со поевтините евровизиски тури.

2. Јужноафриканската Република – СП во фудбал. Звуците на навивачите, шарени и пластични труби кои ги користат јужноафриканците ќе бидат само дел од ова возбудливо фудбалско шаренило. Вистински повод за да се посети оваа африканска држава. Само да се одлучите за кого ќе навивате.

3. Лондон – карневалот во Нотинг Хил. Најголем светски уличен фестивал. Сличен таков е одржува во Тринидад и Тобаго. Го посетуваат околу 1 милион луѓе секоја година. Весело и прекрасно доживување да го видите Лондон кога не е тмурен и сив.

4. Минхен – Октоберфест. Ако сте љубител на пивото, еве ви повод да прошетате до Германија. Вистински настан кога може да се опуштите и да заборавите на се.

5. Нха Транг – избор на Мис на светот. Изборот со 60-годишен јубилеј за прв пат ќе се одржи во Виетнам. Ветнам веќе неколку години е отворен за туризам и сите кои имале можност да го посетат се враќаат со убави впечатоци.

Значи имате план за секој месец од годината. Визи не ви требаат, само соберете пари и посетете барем едно од овие места и настани. Чекаме впечатоци на крајот од 2010!

Би можело да ве интересира:

Најбогатите наследници на светот – станале милијардери „преку ноќ“ Најбогатиот аристократ од Англија има повеќе пари и од кралот Чарлс, а наследи о...
Калиопи пееше на Евровизија, Леонардо ди Каприо освои Оскар: Работи што се случија пред дури 10 годи... Помина цела деценија од Оскарот на Леонардо ди Каприо, но и од смртта на единств...
Основни правила за носење чанта кои секоја девојка со стил треба да ги знае Не одете на формални настани со приврзоци на чантата кои делуваат детски или тро...
Пиење по работа со колегите и шефот: Што е „nomikai“ во Јапонија и го практикуваме ли и кај нас? Во Јапонија, пиењето со клиенти или колеги се смета за знак на лојалност кон ком...
Го застрелала убиецот на ќерка ѝ во полна судница: Детали за случајот што до денес го дели мислењето... Некои би ја нарекле убиец, а некои хероина, но Маријан Бахмајер имала само една ...
„Ме киднапираа сомалиски пирати – 11-годишно дете ми се закануваше со пиштол, поминав 3-месечен пеко... „На секои пет денови, се менуваше групата мажи што нè чуваа. Повеќето беа само ч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg