Светот секојдневно се обидува да ти ги убие идеалите: Порака која секоја тинејџерка треба да ја слушне

Да се биде тинејџерка не е лесно. Разни емоционални и физички промени ви се случуваат постојано, па патешествието кое се нарекува откривање на себеси го прават навистина тешко.

iskrena-poraka-koja-sekoja-tinejdzerka-treba-da-ja-slushne-01.jpg

Baton Poetry сподели инспиративна проза од поетесата Мелиса Њуман-Еванс именувана како „9 работи кои сакам да ги кажам на секоја тинејџерка“.

Поемата ги истражува сите потешкотии со кои се соочува една тинејџерка и дава неверојатни совети како да го пребродите тешкиот период на големи промени.

„Како прво: Светот се обидува да те убие“ – започнува Њуман-Еванс. Ова можеби на прв поглед звучи брутално, но претставува метафора на сите оние моменти како една девојка е принудена да се откаже од идеалите, за да ги исполни барањата на луѓето околу неа, како и сè она што се очекува од една млада девојка.

„Ти си најдоброто во собата“ – продолжува. Преку тоа сака да напомене дека убавината навистина не е важна, таа е одредена од светот околу една девојка, од сите догми кои дефинираат кој е убав, а кој не.

Потоа се насочува кон модата, велејќи дека најубавата фризура е онаа по која можеш да легнеш да спиеш навечер, а наутро да станеш одморена и среќна. Најдобриот бренд фармерки е оној кој ти е удобен.

Потоа продолжува да ги објаснува нападите кон една девојка кои не се метафора, туку реалност.

Погледнете го нејзиниот инспиративен перформанс:

Би можело да ве интересира:

Исчезнал во Бугарија, снимен е како бега од аеродром во Варна: Мистеријата зад „најпознатата исчезна... Во 2014 година, Германецот Ларс Митанк отишол на одмор во Варна, Бугарија. Но, к...
Татко му го малтретирал, мајка му не го ни прегрнувала: Тажни детали од детството на кралот Чарлс Кога кралицата Елизабета се вратила од шестмесечна турнеја, не го прегрнала Чарл...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
„Работам како стриптизер – по настап секогаш имам гребаници од обожавателки, на девојка ми не ѝ преч... „Многу чести ги завршувам настапите со гребаници. Ме фаќаат, ме гребат, како да ...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Калиопи пееше на Евровизија, Леонардо ди Каприо освои Оскар: Работи што се случија пред дури 10 годи... Помина цела деценија од Оскарот на Леонардо ди Каприо, но и од смртта на единств...

Најчитани неделава