Креативно: Минијатурни слики од цели светови во мали тркалезни медалјони

Кара Ледон е уметник и дизајнер позната по своите минијатурни слики на кои се претставени цели магични светови, кои можете да ги носите со себе, бидејќи истите се сместени во мали тркалезни медалјони.

minijaturni-sliki-od-celi-svetovi-vo-mali-trkalezni-medaljoni-01.jpg

По времето поминато во цртање на огромни мурали како тинејџерка, Ледон постепено се посветила на цртањето минијатурни слики, пред да се усоврши за работа со милиметарски четки кои се потребни за исцртување на нејзините ремек-дела.

Откако ќе ја обои емајлираната основа која служи како позадина, започнува со внимателно нанесување на различни бои – сепак мора да чека секој слој убаво да се исуши пред да продолжи со следниот, па така за секој медалјон и е потребна околу една недела.

Од инспиративни слики на вселената до интересни слики од миленици и храна, Ледон создава извонредни уметнички дела кои може да бидат совршен додаток на вашиот изглед или да бидат прекрасен подарок за некој кој ви значи.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Labubu куклите и уште 9 трендови од 2025-та што се бесмислени според постарите генерации „Луѓето како веќе да немаат срам. Не е ’кул‘ или ’смешно‘ да се правите идиоти з...
Исчезнал во Бугарија, снимен е како бега од аеродром во Варна: Мистеријата зад „најпознатата исчезна... Во 2014 година, Германецот Ларс Митанк отишол на одмор во Варна, Бугарија. Но, к...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
11 чудни и (скоро) неупотребливи дизајни, што ќе ве насмеат Кревет закачен на ѕидот, прекинувач за фен во бањата „скриен“ скоро на таванот в...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Која температура на водата е најпријатна за бањање во море (и кога е безбедно за бебиња и деца)? За возрасните, водата е најпријатна кога има 25-26 степени Целзиусови. Но, повеќ...

Најчитани неделава