Labubu куклите и уште 9 трендови од 2025-та што се бесмислени според постарите генерации
„Луѓето како веќе да немаат срам. Не е ’кул‘ или ’смешно‘ да се правите идиоти за гледаност и лајкови“. Кој е трендот од 2025-та што ве нервира вам?

Разликите меѓу генерациите постоеле и секогаш ќе постојат. Но, со драстичната промена на начинот на живот и општеството воопшто, овие разлики како да се зголемуваат.
Па, на постарите генерации им станува сè потешко да разберат некои трендови кои се популарни меѓу тинејџерите или младите.
Корисници на Редит од постарите генерации споделуваат кои се трендовите што доминираат во 2025 година, а кои им пречат или, едноставно, не можат да ги сфатат.
Дел од нивните мислења се индивидуални, но има и такви со кои сигурно ќе се согласат повеќето.
Нивните одговори во продолжение:
„Намалувањето на квалитетот на сè што купуваме – и ова се прави намерно за да мора да купуваме почесто“.
„Не само во 2025-та, туку изминативе неколку години – луѓето како да немаат срам. Не е ’кул‘ или ’смешно‘ да се правите идиоти за гледаност и лајкови.
Престанете да им правите невкусни шеги на колегите кои пробуваат да работат, престанете да пеете и танцувате среде улица за да се снимате…“

„Ми пречи тоа што одеднаш почнаа да вметнуваат вештачка интелигенција во сè“.
„Намерното незнаење на луѓето. Имаме пристап до толку многу информации, а луѓето сепак формираат мислења за работи за кои не знаат ништо, а и не ги прифаќаат мислењата на професионалците“.

„Екран на допир на секој уред. Мислам дека најлошо е во автомобилите, а опасно е“.
„Куклите Labubu“.

„Тоа што луѓето мислат дека Bitcoin е стабилен монетарен систем“.
„Стриминг платформите и тоа што постојано треба да плаќаме за работи што не ни ги поседуваме. Јас уште пробувам да купувам физички копии или барем дигитални верзии на филмови и да можам да ги гледам кога сакам“.

„Опсесијата со протеин. Во развиените земји, малку луѓе имаат недостаток од протеин. Во ред е да внесувате повеќе, но сметам дека е погрешно сите да се фокусираат само на една хранлива состојка, а да ги занемарат сите други“.
„Фризурата mullet“.

Спирова С. | Црнобело
