Која температура на водата е најпријатна за бањање во море (и кога е безбедно за бебиња и деца)?

За возрасните, водата е најпријатна кога има 25-26 степени Целзиусови. Но, повеќето се чувствуваат сосема во ред и на 24 степени, па и помалку. Но, ако водата е поблиску до 20 степени, тогаш не се задржувајте многу долго внатре.

koja-temperatura-na-vodata-e-najprijatna-za-banjanje-i-koga-e-bezbedno-za-bebinja-i-deca01.jpg

Иако веќе имаме дури и натпросечно високи температури за овој период, ако сега отидете на море, на пример во Грција, не значи дека водата ќе биде доволно топла за да се бањате.

За повеќето возрасни, бањањето е пријатно кога температурата на водата е 24-27 степени Целзиусови, а на 25-26 степени Целзиусови е најпријатно.

Но, сепак ова е индивидуално – некои можат да поднесат и пониска температура (22-23 степени), додека за некои и 25 степени Целзиусови се малку.

Секако, влијание има и тоа дали планирате да пливате или само да уживате во водата.

Кога, пак, се во прашање мали деца и бебиња, ситуацијата е поразлична.

koja-temperatura-na-vodata-e-najprijatna-za-banjanje-i-koga-e-bezbedno-za-bebinja-i-deca-04.jpg

Па, која температура на водата е најпријатна, а кога може да биде опасно?

Температура која е идеална за скоро сите

Ако планирате само да уживате во водата, тогаш најпријатно би се чувствувале кога нејзината температура е барем 24-25 степени Целзиусови.

Ако немате проблеми со здравјето, можете да се чувствувате пријатно и на пониска температура, иако на почетокот ќе ви биде малку студено ќе ви треба време да се навикнете.

Ако планирате да пливате, тогаш исто така ќе ви биде пријатно и на пониска температура бидејќи со самата физика активност, телото ќе се загрее.

Важно е и колку време планирате да поминете во вода.

Ако сакате само да се разладите, тогаш ќе можете да издржите и кога температурата на водата е 20-22 степени Целзиусови.

Но, ако поминете цел час во вода со оваа температура, ризикувате да се соочите со блага хипотермија.

Секако, важна е и температурата на воздухот, како и временските услови. На жежок и сончев ден, полесно ќе ја поднесете пониската температура на водата.

Но, ако дува ветер или е облачно, ќе ви биде потешко да се стоплите штом ќе излезете надвор.

koja-temperatura-na-vodata-e-najprijatna-za-banjanje-i-koga-e-bezbedno-za-bebinja-i-deca-02.jpg

Кој е ризикот ако се бањате во многу ладна вода?

Ако влезете во вода со температура пониска од 18 степени Целзиусови, во телото се случува вид шок поради што се забрзува пулсот, но и дишењето.

Оваа реакција станува поизразена како што се намалува температурата на водата.

Кога температурата е околу 10-12 степени Целзиусови, ризикот од хипотермија забрзано расте.

За повеќето возрасни, поднослива е и водата на 21-22 степени Целзиусови, но ова може да биде индивидуално.

Сепак, немојте да минувате многу време внатре, особено ако чувствувате дека ви студи. Во овој случај причината не е само непријатниот студ, туку и зголемениот ризик од хипотермија.

koja-temperatura-na-vodata-e-najprijatna-za-banjanje-i-koga-e-bezbedno-za-bebinja-i-deca-03.jpg

Кога температура е безбедна за деца и бебиња?

Децата и бебињата губат топлина многу побрзо од возрасните, па за нив е потребна потопла вода.

Децата постари од шест години не треба да минуваат многу време во вода со температура пониска од 23-24 степени Целзиусови.

Децата помали од шест години, не треба да поминуваат повеќе од половина час во водата ако температурата е пониска од 24-25 степени Целзиусови.

За бебињата, идеалната температура на водата е над 26-28 степени Целзиусови.

Генерално, ако водата е студена за вас, имајте предвид дека за мало дете ќе биде уште постудена.

Кога, пак, детето ќе излезе од вода, важно е веднаш да го исушите за да избегнете хипотермија.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Цела недела пиев по 3 литри вода дневно – позитивните промени беа поголеми отколку што очекував“ „Најголема промена видов во кожата – лицето веќе ене ми беше суво, туку хидриран...
„Живеам во најстудениот град во светот – училиштата работат и на -50˚C, храната е 3 пати поскапа“ Јакутск важи за најстудениот поголем град во светот и овде просечната температур...
„Ме киднапираа сомалиски пирати – 11-годишно дете ми се закануваше со пиштол, поминав 3-месечен пеко... „На секои пет денови, се менуваше групата мажи што нè чуваа. Повеќето беа само ч...
8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
Не прават нова зграда без паркинг и уште 6 детали од животот во Јужна Кореја (што се подобри од кај ... Со секоја нова станбена зграда се прави гради и паркинг, а домовите се загреваат...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...

Најчитани неделава