Сите сме ги доживеале: 6-те фази на откажување планови

Се обложуваме дека било кој, кој го чита ова во моментов во последнава недела или откажал средба или му била откажана.

site-sme-gi-dozhiveale-6-te-fazi-na-otkazhuvanje-planovi-01.jpg

А „откажување“ во случајов значи „повторно договарање“ што вообичаено трае со недели, а некогаш и месеци.

Станува збор за планови за кафе или ноќно излегување со колегите или пријателите – луѓе со кои имате постојана намера да се видите... ако успеете да најдете време.

Откажувањето има 6 фази:

1. Изразување жалење

16:30 – додека скролате на Инстаграм: „О не, му/ѝ ветив *вметни име* дека ќе се видиме после работа, а после денешниов ден сѐ што сакам е да си одам дома и да гледам *вметни име на филм/серија*.

site-gi-dozivuvame-6-te-fazi-na-otkazuvanje-na-planovi-02.gif

Ова е првата фаза т.е. жалење. Или погледнавте во календарот или добивте потсетник за договорот и сега ги чувствувате последиците. Во оваа фаза на откажување планови, дури и најмалку мелодраматичната личност ќе започне да верува дека овој план ќе биде катастрофа.


2. Барање оправдување

16:45 – дискретно се подготвувате да си одите дома: „Океј, морам да откажам. А, изговор?“

site-gi-dozivuvame-6-te-fazi-na-otkazuvanje-na-planovi-03.gif

Во овој момент посегнувате по телефонот, гледате во клучевите и смислувате веродостојно оправдување. Притоа се убедувате дека не сакате да лажете, но и не сакате да изгледате како некој кој постојано откажува.


3. Пронаоѓање на совршениот изговор

17:30 – веќе на пат до дома: „Само ќе речам дека имав тежок ден на работа. Сигурно ќе ме разбере, така? Така. Тој/таа ќе сфати. И онака пред 2 недели тој/таа ми откажа затоа што „заборавил/а“ дека треба да оди некаде.

site-gi-dozivuvame-6-te-fazi-na-otkazuvanje-na-planovi-04.gif

Овде официјално преминавте на „темната страна“. Одлуката ја носите врз основа на тоа што вам истата личност ви откажала во минатото и поради тоа ви олеснува. Па, затоа не ви е толку тешко „да ја возвратите услугата“.


4. Фаза на релаксација

18:05 – се пресоблекувате во тренерки/пижами: „СЛОБОДАААА!!!!“

site-gi-dozivuvame-6-te-fazi-na-otkazuvanje-na-planovi-05.gif

Пораката е испратена. Тој/таа веќе ви вратила дека е во ред и дека би можеле да пробате да се сретнете за викенд, но вие не ни прочитавте, бидејќи сте премногу зафатени размислувајќи што ќе порачате за вечера и колку се меки тренерките/пижамите.


5. Каење

18:20 – додека чекате да стигне пицата: „Зошто сум толку лоша личност? Зошто веднаш не реков „не“? Што ако ја поминеме цела 2016 обидувајќи да се сретнеме и никогаш не се видиме?“

site-gi-dozivuvame-6-te-fazi-na-otkazuvanje-na-planovi-06.gif

Овде се чувствувате виновно затоа што откажавте. Сепак, овие планови беа одамна направени со намера да бидат исполнети. И сега еве сте одбрале комфор наместо да одите до крај со зацртаните планови. Па да, ова е валидна причина зошто треба да се каете.


6. Фаза на исполнетост

18:30 - *се слуша ѕвончето од вратата* : „Не е важно, пристигна храната!!!“

site-gi-dozivuvame-6-te-fazi-na-otkazuvanje-na-planovi-07.gif

Нема време за каење вечерва затоа што пицата стигна и дали може да стане подобро? О да, 10 епизоди од *вметни име на филм/серија*!!!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 ситуации кога луѓе бараат помош со Фотошоп, а крајниот резултат е пресмешен „Бев нервозен кога ја запросив девојката и ја зедов кутијата наопаку. Ве молам п...
12 карактеристики на „лошите“ мажи (какви не ви требаат) Кога се лути или фрустрирани, прават сите околу нив да го чувствуваат тоа. Ако п...
Митови за преживување кои не се само лажни, туку и опасни Немојте да пиете вода од кактус ако се изгубите во пустина бидејќи ова може да в...
Трагичната судбина на бившиот на Кети Пери: По сообраќајка си ја уби сосетката и скокна од покрив на... Актерот Џони Луис бил еден од ретките кои наместо забави, дрога и алкохол сакале...
Летни маки што им се добро познати на сите кои живеат во град, низ илустрации Треба психички да се подготвиме пред секое влегување во автомобил, а кога навече...
12 фотки направени во „вистински“ момент - Ќе ги протриете очите за да сфатите што гледате Умот понекогаш си игра со нас, особено кога ќе видиме нешто, па мора да застанем...

Најчитани неделава