Каде е најбезбедно да седите, во случај авионот да се урне?

Во 2012-та група научници направија чудна и малку бизарна работа, но со добра цел - намерно полетаа и урнаа Боинг 737 во пустина во Мексико за да откријат како и колку луѓе имаат шанси да ја преживеат несреќата.

kade-e-najbezbedno-da-sedite-vo-slucaj-avionot-da-se-urne-01.jpg

Резултатите завршија со прилично изненадувачки и корисни информации.

Една од најкорисните е дека безбедноста на вашиот живот зависи од тоа каде седите во авионот.

Најголемата сила на ударот обично се чувствува во пилотската кабина и првата класа. Седиштето 7А, на пример, било пронајдено 152 метри подалеку од местото на несреќата.

Како што се движите кон задниот дел на авионот, смртните случаи се поретки. Тестот покажал дека луѓето кои седеле на седиштата сместени во средината на авионот и блиску до излезите, поминале со полесни повреди.

Што значи најбезбедните седишта се наоѓаат во задниот дел од авионот. Таму најмалку се чувствуваат ударите.

Па, ако сте скептични за следниот лет, најдобро е да си одберете седиште во задниот дел од авионот.

Д. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи кои треба да ги сфатите пред да наполните 40 години (ако сте доволно паметни) „Ако запознаете некој што е попаметен од вас, соработувајте со него/неа. Натпрев...
Човечки заби, мумифицирана мачка: Морничави работи што луѓето ги нашле во своите домови Замислете откако ќе си купите куќа и ќе ја реновирате, во неа да почнете да наоѓ...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
12 предлози за забавно летно хоби (во кои со сигурност ќе уживате)  Изразете ја вашата креативност преку изработка на накит. Креирајте нешто...
„Ајкула ми ја одгриза ногата – учев одново да одам со протеза, сега сум професионален пливач“ „Додека да се свестам што се случува, ајкулата ми го одгриза стапалото и дел од ...
Татко ѝ беше убиен, брат ѝ загина во авионска несреќа, детето ѝ почина од рак: Тажниот живот на ќерк... Керолин Кенеди е единствениот преживеан член од семејството Кенеди. Татко ѝ Џон ...

Најчитани неделава