Приватен авион само за вас: Како изгледа да сте единствен патник на летот?

Алекс Сајмон воопшто не морал да се грижи за досадните луѓе кои би седнале до него, бебињата кои ќе плачат или недостатокот од простор за време на неговиот лет кон еден идиличен остров, едноставно бидејќи го имал на располагање целиот авион.

privaten-avion-samo-za-vas-kako-izgleda-da-ste-edinstven-patnik-na-letot-01.jpg

28-годишниот Сајмон практично имал сопствен авион, бидејќи бил единствениот патник на кој се појавил за летот од компанијата „Philippine Airlines“, на релацијата Манила-Боракај.

Сајмон кој поседува блог посветен на патувања останал целосно зачуден кога забележал дека никој друг не се качува во авионот, останувајќи сам со двете стјуардеси и двата пилоти.

privaten-avion-samo-za-vas-kako-izgleda-da-ste-edinstven-patnik-na-letot-03.jpg

Целата оваа ситуација му дала шанса да влезе дури и во пилотската кабина и да позборува со пилотите пред самото полетување. Стјуардесите исто така се забавувале на сметка на невообичаената ситуација, снимајќи го Сајмон како седи на седиштето додека авионот полетува.

privaten-avion-samo-za-vas-kako-izgleda-da-ste-edinstven-patnik-na-letot-02.jpg

„Само што стигнав на аеродромот кога слушав како го кажуваат моето име со напомена да се обратам до шалтерот за информации“ – објаснува тој, „жената која работеше таму ми објасни дека нема да морам да чекам уште два часа за летот и дека истиот ќе биде за 30 минути бидејќи јас бев единствениот патник.“

„Вистината е дека бев малку изненаден и не можев да поверувам. Мислев дека сонувам. Влегов во авионот и седнав на моето место, а потоа ја прашав стјуардесата дали може да седнам на седиштето до прозорецот“ – додава тој, „а нејзиниот одговор гласеше дека може да седнам каде сакам бидејќи во авионот нема да има никој друг.“

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најчудно послужени оброци низ светот – ќе ве остават во прашалници наместо да ве примамат (фото) Би пробале ли помфрит послужен во лопата? Или специјалитет сервиран во сад за хр...
Фото-докази дека не секој заслужува да биде дизајнер и архитект Бања и кујна во иста просторија, тоалет со проѕирен таван сместен под главниот в...
Изела 2,5 kg компири пред да биде задушена: Смртта на Дона Дол е мистерија повеќе од половина век Дона Дол студирала руски јазик на универзитет во Илиноис кога исчезнала. Била на...
14 луѓе чии домови се похаотични од вашиот, ако ви е за утеха (фото) „Понекогаш водоводџијата и електричарот треба да се слушнат на телефон и да се д...
10 интересни фотки кои покажуваат дека големината е навистина важна Знаете ли колку се всушност големи турбините на ветер и дека човек покрај нив из...
9 луѓе кои направија пластична операција и сега се „опседнати“ со својот нов изглед (фото) Кога луѓе кои никогаш не си го сакале носот, ќе добијат нов, совршен нос по опер...

Најчитани неделава