5 работи за кои луѓето верувале дека се создадени од ѓаволот

Ѓаволот е обвинет за создавање на многу нешта, вклучувајќи ги рокенролот и Хари Потер, но можеби ќе ве изненади кои други работи кои ги користиме секојдневно биле “делото на ѓаволот“.

5-raboti-za-koi-lugeto-veruvale-deka-se-sozdadeni-od-gavolot

Ова се 5-те работи за кои порано се верувало дека се дело на ѓаволот:

Музички инструменти

Постои заедничко верување дека музичките инструменти се измислени од Сатаната, бидејќи тој бил љубоморен на гласот на Дауд, библискиот Давид. Сириската традиција смета дека инструментите биле измислени од ќерките на Каин, со што ја славел смртта на Авел. Во некои училишта се верува дека музиката може да предизвика чир, дијабетес и лудило.

Постои и традиција во рамките на христијанството која го отсликува Сатаната како музичар поради пасуси од книгата на Езекиел. Таму Сатаната бил задолжен за музиката на Небото пред Падот. Ова мислење е иронично, бидејќи, според одредени референци во Библијата постојат музички инструменти во Рајот.


Социјализам

Некои десничарски настроени христијани веруваат дека социјализмот своите корени ги има во сатанизмот. Тие веруваат дека темелите на социјализмот се базираат врз ересот на Јоаким Флора, кој тврдел дека историјата била поделена на ери на Отецот, Синот и Светиот Дух.  

Тие, исто така тврдат дека Сатаната го измислил социјализмот во обид да ја преземе контролата на Земјата.


Телефон

Писателот Емброуз Бирс еднаш го дефинирал телефонот како „изум на ѓаволот“. Тој се обидувал да биде сатиричен, но кога бил измислен телефонот многу луѓе на оваа машина гледале со недоверба и сомневање дека навистина има ѓаволско потекло.

Кога телефонот за прв пат е воведен во Шведска, многу луѓе од села верувале дека се работи за магичнни жици кои можат да привлечат молња или зли духови.


Коцка

Коцкањето било сметано за голем грев во средниот век. Се сметало за богохулие и поттикнување на идолопоклонството.


Крст

Приврзаниците на Црквата на големиот Бог веруваат дека симболот на крстот не е христијански, туку трик на ѓаволот изведен од старите пагански традиции. Симболот за Вавилонскиот Бог Тамуз бил прикажан како буквата „Т“, која личи на крст. Крстот, според нив беше популаризиран од страна на Сатаната за да ги измами луѓето и да ги натера да обожуваат лажен симбол.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 психолошки трикови кои секогаш функционираат Направете пауза, макар и од минува-две пред да донесете одлука, а кога некој ви ...
8 знаци дека генерацијата Z веќе не ги прифаќа старите начини на работа (и како ги смени со нови нор... Одбиваат менаџерски позиции, не остануваат долго на една позиција, инсистираат н...
11 чудни и (скоро) неупотребливи дизајни, што ќе ве насмеат Кревет закачен на ѕидот, прекинувач за фен во бањата „скриен“ скоро на таванот в...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
14 „тажни“ фотографии кои совршено го опишуваат понеделник „Стаклената врата од тушот се распрска ноќеска на илјадници парчиња. Понеделнико...
10 чудни работи што луѓе ги нашле во продавница: „Го купува ли некој ова?“ Дали некогаш сте влегле во продавница, а да се изненадите од некои од предметите...

Најчитани неделава