5 необични антички спортови

Спортот е постојано присутен во нашиот секојдневен живот, па дури и тешко е да се замисли времето кога не постоел. 

Neobicni-anticki-sportovi

Иако модерните спортови обично ги влечат своите корени назад барем сто години, античките луѓе имале свои игри кои често имале крвави резултати.

Ова се некои од најнеобичните антички спортови:

Pitz, Маи

Спорт познат под име Pitz бил популарен кај Маите, воедно е и еден од најстарите спортови во историјата на човештвото. Се верува дека потекнува уште од пред 2.500 години п.н.е.

Постоеле многу варијанти на играта, од правила за големината на топката или што да се користи за да се погоди топката. Оваа игра често се користела како замена за војна, односно решавање на спорови.


Harpastum, Рим

Раниот претходник на модерниот рагби бил harpastum, античка римска игра. Целта на играта се менувала често, но во секоја верзија биле вклучени два тима.

Целта била да ја однесат топката на другиот крај од теренот. Овде биле чести повреди на играчите, бидејќи не постоеле правила.


Бузкаши, Авганистан

Спорт развиен во периодот помеѓу 10-от и 15-от век, овој спорт се игра и денес.

Се работи за национален спорт на Авганистан, а вклучува две екипи кои јаваат на коњ, чија цел е да ја повлечат главата на козата низ полето и да ја испуштат во однапред определен простор.

Повремено се користеле овци или телиња наместо кози. Оваа игра била забранета, бидејќи се работи за насилен спорт.


He'e Hölua, Хаваи

Еден од поопасните спортови на оваа листа е he'e hölua (на хавајски сурфање). Се работи за спорт кој потекнува од Хавајските Острови, а е стар повеќе од 2.000 години.

Играта се состои од опасна патека на едната страна на вулканот и големи санки направени од дрво и кокосови влакна.

Откако ќе биде на врвот, возачот или неговиот тим се тркаат надолу по падината. Брзината знае да достигне и до 80 километри на час. Во 19-от век овој спорт е забранет, бидејќи е опасен.


Pelota Purépecha, Мексико

Ова е игра слична на хокеј на трева, но со огнена топка. Именувана од своите пронаоѓачи, домородните Purepecha, денешната држава Мичоакана.

Играта се играла во текот на ноќта. Како и многу други игри креирани од староседелците на Мексико, оваа игра е заборавена.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со месеци му правеле егзорцизми, лекарите немале објаснување: Вистинската приказна зад најморничавио... Филмот The Exorcist е снимен според вистинската приказна за 13-годишно момче кое...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
14 илустрации за сите жени кои доминираат низ животот Илустраторка ја слави самодовербата, амбицијата и љубовта кон себе, потсетувајќи...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Фотки кои ќе ве потсетат што сè преживеавме за време на пандемијата Некои носеа маски, а некои цел скафандер за да се заштитат, а учењето и работење...
11 фотографии полни со љубов, кои ќе ве разнежат Сопруг кој спие во воз, блискоста на луѓето и нивните мисленици - некои фотограф...

Најчитани неделава