Можно е да се препознаете: Како се станува несреќна жена?

Несреќна и незадоволна жена е тема на многу статии во списанија, терапевтски сеанси, женски разговори. Кој совет да ѝ го дадете на пријателката, клиентката, жената или девојката која не сака да биде етикетирана како несреќна жена?

mozno-e-da-se-prepoznaete-kako-se-stanuva-nesrekna-zena-01.jpg

Отсекогаш нè следеле тешки задачи низ растењето и животот. Да се биде жена не е нималку лесно.

Кога ќе се родиш стануваш принцеза во домот, кога ќе проговориш – баш си слатка, кога ќе тргнеш во училиште сите ти зборуваат вредно да учиш бидејќи е лошо да бидеш непримерно девојче.

Со доаѓањето на пубертетот доаѓаат и критиките за должината на здолништето, спуштените панталони, враќањето дома до 23 часот, немој соседите да те видат како се бакнуваш со некого на улица, како си можела да дозволиш да добиеш толку единици, зошто не тренираш нешто, зошто не сакаш да учиш – почни барем да работиш нешто... и така во недоглед.

Ќе тргнеш на факултет - внимавај со кого се дружиш и направи нè горди. Ќе најдеш работа - не можеш да најдеш дечко и да се омажиш! На крајот ќе се омажиш и некој друг ќе го почне кругот од почеток! Таков е законот на природата.

Тогаш сфаќаме дека целиот живот го правиме она што другите го очекуваат од нас и се лишуваме од она што ние го сакаме. Одеднаш сфаќаме дека сме незадоволни. А незадоволството е како вирус, се шири на секое здраво ткиво, или во случајов на секој сегмент од нашиот живот.

Сфаќаме дека првите триесет години од животот сме ги подредиле согласно желбите на другите (некои тоа го сфаќаат дури и подоцна), почнуваме да паничиме и се истураме на другите. А бесот на една незадоволна жена е како крикот на лавот во дивината. Бегајте додека не ве изеде!

Покрај другото тука е и фразата жена-змеј наметната од општеството во кое живееме. Тоа е жена која е успешна во сè, жена која сè може, сè разбира, сè работи. Во случај некоја да не исполни сè од горенаведеното паѓа во очај и станува несреќна и незадоволна.

А, резултатите на ова незадоволство се следните: прекинување на врската, пријателствата, кавги со родителите, нестабилни односи со луѓето во околината, слаби резултати на работа, погрешни избори, развод, очај, депресија... Сакате уште резултати? Секако дека НЕ!

Затоа на сите жени им советувам да застанат пред огледало и да се запрашаат што ги прави среќни? А, тогаш кога ќе сфатите и признаете, преземете го првиот чекор кон остварување на вашите цели бидејќи само на тој начин можете да дојдете до резултати. Одложувањето на проблемите никогаш нема да ве додведе до нивно решавање.

Бидете свесни за себе и за своите квалитети, пофалете се себеси и за најмалата промена која сте ја направиле, кажете си дека можете да ги држите конците на животот во свои раце! Правете го тоа што го сакате, бидејќи насмевката која ја предизвикува тоа задоволство никој нема да може да ви ја одземе.

Сетете се и на најмалите детали кога сте направиле нешто што никој претходно не го направил, сетете се кога сте му помогнале на дечкото или сопругот да реши некоја тешка ситуација, сетете се кога некој ви се заблагодарил бидејќи без вас немало да успее. Сетете се дури и на најнезначајните работи, како на пример дека без вас куќата нема да биде чиста.

И, да, сетете се дека без вас не би постоело ништо од тоа што сега го имате.

Сакајте се себеси! Не, тоа не е само обична фраза, тоа е вистина! Бидејќи сите несреќни и незадоволни жени имаат малку љубов за себеси, а со тоа и малку волја за нешто да променат!

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Живеам на Алјаска, каде температурите во зима се -40˚C – се греам на дрва, носам волнена долна обле... Американецот Џош Спајс веќе 16 години живее на Алјаска и за него температурите к...
Фотки кои ќе ве потсетат што сè преживеавме за време на пандемијата Некои носеа маски, а некои цел скафандер за да се заштитат, а учењето и работење...
Ладнокрвно убил човек, па тврдел дека бил „опседнат од ѓаволот“: Вистинската приказна зад The Conjur... Во раните 1980-ти, 19-годишен дечко од мало гратче во Конектикат убил маж. На го...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Рерна за луѓе, лоботомија, лекови со кокаин: Медицината во минатото била како од хорор-филм Во 20-тиот век, шизофренијата се третирала со таканаречена инсулинска шок-терапи...

Најчитани неделава