100 дронови „танцуваат“ во ритамот на „Петта симфонија“ на Бетовен

Жителите на Хамбург имаале можност да бидат сведоци на еден несекојдневен аудио-визуелен спектакл во кој главни учесници биле 100 дронови.

koga-100-dronovi-tancuvaat-vo-ritamot-na-pettata-simfonija-na-betoven-001.jpg

Следејќи ја музиката на оркестарот дроновите „танцуваат“ и создаваат 3Д форми и пораки со цел поставување на нов Гинисов рекорд.

Главниот творец на идејата, Хорст Хоертер, директор на компанијата „Futurelab“, заедно со неговиот тим од 15 луѓе користи еден интересен термин за дроновите нарекувајќи ги „spaxels“, изведенка од зборовите „space pixels“.

„Сакав да покажеме дека дроновите може да се искористат засоздавање убавина и општествено значајни искуства“ – објаснува тој.

100 дронови беа контролирани од четири пилоти, односно по 25 за секој, започнувајќи го својот лет од фудбалскиот стадион во Хамбург.

Компјутерскиот софтвер изработен од страна на инженерите е всушност главната алатка во „танцот“ на дроновите. Овој софтвер ги одредува патеките на движење кои дроновите ги следат, вкучувањето и исклучувањето на светилките и најважно од сè синхронизираното движење со музиката која ја свири оркестарот.    

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки што ќе ве разгневат: Мрзливи мажи кои очекуваат сопругата да им биде и слугинка „Бев отсутна од дома цела недела. Сопругот направил куп со неговата валкана обле...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Како изгледа животот со Туретов синдром – Ја опцу кралица Елизабета во лице, кажа навреда на BAFTA Џон Дејвидсон е лице со Туретов синдром поради што неволно испушта крици и кажув...
Дехидрирана крв, пресадена рожница: Фотки кои покажуваат колку е чудно човечкото тело Сте виделе и како изгледа дехидрирана крв или, пак, рендгенска снимка од бебешка...
Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...
Морничавите јапонски затвори за осудените на смрт: Затворениците не знаат кога ќе бидат егзекутирани Во Јапонија, затворениците осудени на смрт не знаат кога ќе бидат егзекутирани –...

Најчитани неделава