Mажите одат кај проститутки?

Во 2005 година, беше спроведено меѓународно истражување кое вклучи 700 мажи од шест земји, на возраст од 18-70 години, за да утврди што е тоа...

 

... што ги тера мажите да ги користат услугите на проститутките.

Станува збор за мешана група на испитаници - белци, црнци, азијати, добро образовани, вработени луѓе, повеќето од нив со стабилни врски или веќе биле стапени во брак.

Резултатите од ова истражување, укажаа дека во последнава деценија, бројот на мажи кои плаќаат за секс е двојно зголемен во однос на претходната. Авторите овој куриозитет го припишуваат на „зголемената достапност и mazite-odat-kaj-prostitutki1прифатливост на комерцијалните сексуални контакти“, и покрај тоа што многу од испитаниците во оваа студија изјавиле дека чувствуваат вина и срам заради користењето на овие услуги.

Сепак, и покрај тоа што овие искуства ги опишуваат како „незадоволувачки, празни и лоши“, повеќето продолжуваат со користењето на сексуални услуги.

Што доколку проституцијата законски се укине?

Истражувачите откриле дека повеќето и би можеле да се воздржат. Како најделотворни методи за воздржување се покажале казните, јавното откривање на корисниците, информирањето на шефовите, па и ризикот од криминално досие.

Болниот факт е дека овие жени се лошо третирани и присилувани на оваа работа, нема некое драматично влијание врз реакцијата на мажите. Речиси половина од испитаниците сметаат дека проститутките се жртви на посредници и криминалци, па сепак продолжуваат да ги посетуваат.

Едно од најинтересните откритија е тоа дека многу верувале дека, ако не можат да платат за секс, мажите едноставно „мораат“ да силуваат! Еден од испитаниците изјавил: „Очаен маж, кој има потреба од секс, би можел да силува“. По оваа изјава, феминистките веќе не се единствените одговорни за синтагмата дека сите мажи се потенцијални силувачи - се` повеќе овие ставови ги делат и самите мажи!

Половина од испитаниците признале дека кога прв пат платиле за секс, биле помлади од 21 година. Многу од нив објасниле дека живееле во илузија за вистинска врска, па кога немало да ја доживеат, останувале разочарани.

Една друга група испитаници изјавиле дека се свесни дека плаќаат само за секс, и сакаат да имаат целосна контрола над сето тоа. „Тоа е секс без емоции. Морате да бидете подготвени да го прифатите како таков, или воопшто не се впуштајте во него. Тука не станува збор за жена или девојка“ - објаснува еден од испитаниците.

Има и такви кои ги користат проститутките за испробување на варијанти кои не можат да ги прават со своите партнерки.

И покрај тоа што некои изјавиле дека сметаат дека жените на кои им платиле, навистина уживале во сексот со нив, повеќето признаваат дека проститутките се чувствуваат бедно, валкано и преплашено.

Само 6 проценти од испитаниците биле затворени заради насилно однесување или заканување кон проститутките.

Би можело да ве интересира:

8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
Легендарен момент: Ал Пачино и Роберт де Ниро, пријатели и филмски икони, се појавија во емотивна мо... Најубавата реклама, видео и фотки што ќе ги видите денес - Ал Пачино (85) и Робе...
„Платив 120$ за маса од 8.000$“: Луѓе кои пронајдоа вистинско богатство во продавници од втора рака „Најдов прво издание на една од моите омилени детски книги - и со автограм од ав...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
9 луѓе кои направија вистински ремек-дела од сосема обични работи „Ќерка ми се заљуби во дизајн со жаба и печурки, па ѝ го извезав на грбот на едн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg