Модерен дедо: Од Фејсбук побарал 98 лајка за неговиот 98-ми роденден

За повеќето од нас, родендените се време кога знаеме дека многу пријатели ќе се сетат на нас и ќе ни честитаат. Во денешно време еден од најлесните начини за тоа е секако Фејсбук.

Zapoznajte-go-najmoderniot-dedo-na-Fejsbuk-01

Едно семејство се определило за предроденденски предизвик за дедото, поставувајќи фотографија на која дедото држи натпис „Мојата ќерка мисли дека не можам да добијам 98 лајка за тоа што полнам 98 години. Можеме да и докажеме дека греши?“.

Овој модерен дедо се вика Алфред Бирч. Животот го поминал работејќи како инспектор во НАСА, но непосредно пред својот 98-ми роденден бил хоспитализиран во болница. Неговата ќерка Дејл Бирч и неговата внука Џулија Гесвел сакајќи да го развеселат и охрабрат ја смислиле оваа интересна идеја.

Сликата, објавена на профилот на Џулија за помалку од 24 часа добила над 100 лајкови, а до денес има над 36 илјади.

„За неговиот роденден тој доби повеќе од 12 илјади роденденски честитки од луѓе од целиот свет“ – објаснува Јулија.

„Кога погледнавме на картата сфативме дека тој добил честитки од 42 од вкупно 50 земји на САД. Кога му кажавме колку луѓе му честитале беше воодушевен и не можеше да поверува.“ - додава таа.

Алфред сега е дома и се подготвува да го прослави својот роденден со семејството на 28-ми март. 

 

data-width="500">

my grandfather (shown in photo) will be 98 on March 28th please share this post !

Posted by Julia Geswell on Sunday, March 6, 2016

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 ситуации кои на луѓето што живеат во град им изгледаат неверојатно кога одат во село Ако сте на диета, не ни помислувајте да одите на село, особено не кај вашата баб...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
Фото-компилација: Како изгледаат секојдневните предмети во други држави? Во Холандија има разградливи чаши за кафе, а во јавниот превоз во Австралија има...
Луѓе кои како да „процветаа“ по 40-тата година, па изгледаат многу подобро отколку во младоста „Поминав низ средовечна криза и решив да се посветам повеќе на себе. Сега се чув...
14 фото-докази од ситуации кога природата создала магични моменти Замислете – кршите јајце и од него излегуваат две жолчки. Или очекувате огромна ...
Го уапсија во Северна Кореја, се врати со оштетување на мозокот: Трагичната судбина на студентот Ото... Младиот студент од САД отишол на 5-дненво патување во Северна Кореја, но пред да...

Најчитани неделава