Тажниот дедо кој го расплака цел Твитер конечно ги собра 6-те внуци на едно место

Фотографијата од тажниот дедо кој подготвил вечера за своите 6 внуци, а се појавила само една внука, стана вистински вирален хит. Благодарение на истата, неговите внуци решија да се соберат на едно место.

tazniot-dedo-koj-go-rasplaka-tviter-konecno-se-sretna-so-6te-vnuci-01.jpg

Кени Хармон направил 12 порции хамбургери за своите 6 внуци, но само Келси Хармон се појавила навреме и ја објавила тажната фотографија на Твитер.

Неколку  часа по нејзиното објавување, фотографијата предизвика бура на Твитер и многу корисници емотивно реагираа.

Сега, тажниот дедо, конечно имал можност да се собере со своите 6 внуци, но не за да јадат хамбургери, туку пилешко и зеленчук во ресторанот „Henryetta“ во Оклахома.

66-годишниот дедо вели дека не бил така тажен како што изгледа на фотографијата.

„Понекогаш така изгледа, ми велат дека не се смеам доволно, но тоа е мојот карактер“ - изјавил Кени.

Неговата внука Келси која студира Биологија му најавила дека има неколку слободни денови и дека ќе си дојде дома.

За таа цел, тој се јавил на неговиот син Рајан и го повикал да ги донесе неговите деца.

Мислел дека сите внуци се поканети и дека ќе доаѓаат, па затоа ги подготвил неговите добро познати бургери.

Тогаш на Твитер се појави фамозната фотографија за која Келси не очекувала дека ќе има толкави реакции.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 луѓе кои направија вистински ремек-дела од сосема обични работи „Ќерка ми се заљуби во дизајн со жаба и печурки, па ѝ го извезав на грбот на едн...
Колку пари навистина имал Пабло Ескобар (и како ги трошел)? „Знам дека Пабло заработуваше толку многу кеш, што секоја година, губеше околу 1...
Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Искрени илустрации кои се доказ дека да се биде возрасен значи само добро да се преправаш Во ресторани барате здрави намирници, а кај мама дома уживате во домашните палач...

Најчитани неделава