Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Каде славните бегаат за одмор

Уморни од фотоапаратите и таблоидите, познатите актери, пеjачи и бизнисмени неретко посакуваат да побегнат од сите. Некому му успева, а...

 

... на веб страницата All Property Management се објавени податоци за оние кои имаат сопствени острови на кои уживаат или ги изнајмуваат по високи цени на оние кои сакаат да пронајдат мир.

Остров Necker

Овој човек не само што поседува сопствен остров, туку и го дели со најубавите жени на планетава. Сопственикот на компанијата Virgin Atlantic, Ричард Брансон им дозволи на убавиците од модната куќа Victoria's Secret да снимаат на овој остров на Карибите.

kade-slavnite-begaat-za-odmor1


Островот е во сопствеништво на Брансон 30 години, а на него има угостувано многу познати личности како принцезата Дијана, Дејвид и Викторија Бекам , коосновачот на Google Лери Пејџ, кој тука се венчаше..

Leaf Cay на Бахамите

Актерот кој заработува по 20 милиони долари по филм знае како да ги потроши на прав начин. Николас Кејџ има повеќе куќи од кои една вила е на Bel Air, но исто така поседува и остров.

kade-slavnite-begaat-za-odmor2

Името му е Leaf Cay и се наоѓа на Бахамите. Според некои податоци, ова го коштало Кејџ околу 3 милиони долари. "Преубаво е кога можете да шетате по плажа, а да не се грижите дали некој ќе ве фотографира" изјави холивудскиот глумец.

Little Hall's Pond Cay

За пиратот од Карибите Џони Деп не постои ништо поскапоцено од сопствената приватност. Затоа во 2004  го купи островот Little Hall's Pond Cay за 3,6 милиони американски долари.

kade-slavnite-begaat-za-odmor3

На овој остров може да се дојде само со авион, брод или хеликоптер, а има шест плажи со бел песок, приватно пристаниште и лагуна која се наоѓа во сенка на палмови дрва.

Куќата на Мел Гибсон на островот Мagо

kade-slavnite-begaat-za-odmor4


Американскиот актер Мел Гибсон во 2004 година го купи островот Маго на Фиџи за 15 милиони долари. Кога кантри ѕвездите Тим Мекгро и Фејт Хил сакаат да се одморат од остатокот на светот одат на приватниот остров во регионот Exumas на Бахамите.

Blackadore Caye

kade-slavnite-begaat-za-odmor5

Еколошки освестената ѕвезда Леонардо Ди Kаприо е сопственик на  овој остров во Belizе. Има договор тука да гради хотел под услов заштитените и ретките диви животни во морето да останат недопрени.

Musha Cay

Џулија Робертс, ѕвездата на филмот "Nothing Hill" и "Pretty Woman", поседува еден прекрасен остров на Бахамите а во соседство и е  познатиот маѓионичар Дејвид Коперфилд кој го поседува островот Musha Cay. Како Брансон, и Коперфилд го изнајмува островот на понзнати личности  меѓу кои се и Опра Винфри, Џон Траволта и Сергеј Брина.

kade-slavnite-begaat-za-odmor6

Неделно им наплатува  по 325.000 долари и се смета за едно од најприватните места не светот. Musha Cay е еден од четирите острови кој Коперфилд го купи за 50 милиони долари. Некои познати личности  сакаат тропски простори. Еден од нив е Робин Вилијамс кој купи остров во регионот Британска Колумбија.
Skorpios
kade-slavnite-begaat-za-odmor7

Аристотел Оназис , поранешен сопруг на првата дама на САД Џеки Кенеди, го поседуваше грчкиот остров Скорпиос. По неговата смрт него го наследи неговата ќерка Атина. Целото семејство Оназис е закопано на овој остров.

Eleuthera

kade-slavnite-begaat-za-odmor8

Американскиот пеач Лени Кравиц го купи островот Eleuthera на Бахамите од каде потекнуваат предците од мајчината страна.

Tetiaora

Легендарниот Марлон Брандо е исто дел од познатите кои поседуваат сопствен остров. Во 1962 го купи Tetiaroa на Тахити по снимањето на еден од неговите филмови. Некогаш тоа било одмаралиште на кралското семејство.

kade-slavnite-begaat-za-odmor9

Се до неговата смрт, Брандо живееше тука во селска населба. Меѓу другите звучни имиња на сопственици на остров се вбројуваат Стивен Спилберг и Тони Кертис.

Каде вие заминувате, кога сакате да се избегате од очите на светот? Smile

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
Мамела млади девојки да живеат со неа, па ги принудувала на проституција: Која е „најопасната жена н... Кет Торес се прослави откако беше фотографирана со Леонардо ди Каприо и тврдеше ...
12 соседи кои како да се излезени од рајот (ќе посакате и вие такви) „Мојот глувонем сосед неколку дена се врткаше низ дворот, а ние мислевме дека пр...
Што предвидела баба Ванѓа за 2025-та (и дали се исполнија пророштвата за годинава)? Некои пророштва за годинава, како природните катастрофи, можеби се исполнија, но...
Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите ...
Најубавите двојни имиња за девојчиња (ако не можете да се одлучите за едно) Ана Марија, Нина Миа… Двојните имиња се уникатни и звучат навистина убаво. Ан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg