7 совети кои ќе ви помогнат веднаш да се разбудите и да не заспиете повторно

Да се остане буден во текот на критични моменти, некогаш може комплетно да ве спаси... Ученици, пред сѐ мислиме на вас, а некогаш тешко е да се остане буден и на досадна презентација, состанок...

7-soveti-koi-kje-vi-pomognat-vednas-da-se-razbudite-i-da-ne-zaspiete-povtorno-01

Ако барате совети да останете будни без проблем, тогаш ние успеавме да изнајдеме неколку решенија:

1. Прилагодете ја светлината

Светлината има голем ефект врз тоа дали ни се спие или не. Најдобра можност е сината светлина која ќе ве разбуди, а избегнувајте ги топлите бои – особено црвена и жолта кои потсетуваат на зајдисонце. Топлите бои им даваат сигнали на очите дека е скоро вечер и време за спиење.


2. ... и температурата

Превисока или прениска собна температура има големо влијание врз сонот. Ако собата е премногу ладна или премногу топла тогаш нема шанси да заспиете.

3. Напијте се кафе и отспијте околу 20 минути

Верувале или не, ако се напиете само кафе и останете будни, тогаш кофеинот ќе ве исцрпи и вашата енергија за брзо ќе се потроши и повторно ќе ви се спие. Ако пак се напиете кафе и отспиете околу 20-тина минути, тогаш ќе се разбудите свежи и полни со енергија.

4. Напијте се вода

Измијте се или напијте се ладна вода (по можност со неколку капки лимон) ако сакате да се разбудите што е можно побрзо. Ладната вода која циркулира низ системот ќе го расони организмот и ќе му ја врати способноста за брзо реагирање. Барем на одредено време. Уште подобро ако се исплискате со ладна вода и излезете на воздух - тогаш скоро 100% ќе се разбудите.

5. Соблечете парче облека

Кога ни се спие не сме ни свесни за пола од нештата што ги правиме. Што значи, ако имате вишок слој облека и чувствувате дека ви се спие, соблечете го таквото парче. Тоа можеби ќе ве олади доволно и ќе ве расони.

6. Наведнете се и исправете се

Раширете ги нозете и одете колку што можете подолу и гледајте помеѓу вашите нозе. Големиот доток на крв до главата има сила да ве расони, но внимавајте да не го направите тоа премногу нагло бидејќи може да ви се слоши или сврти.

7. Масирајте се

Местото помеѓу вашата дланка и вашиот зглоб не е многу чувствително, но тоа е доволно за да ве расони. За разлика од вратот или грбот – кои се места за опуштање, овој дел може да ве расони преку 1 минута масажа. Уште едно добро место за масирање е делот под очите т.е. каде што се формираат подочници. Масирањето на овој предел ќе ве расони и ќе ви ја зголеми внимателноста.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дечко од Хрватска, кој издава сместување, се пожали дека гостите преку Booking му оставиле хаос - Во... „Гостинот платил? Да, платил! Што уште сакате – и да чисти? Јас кога јадам во ре...
Легендарен момент: Ал Пачино и Роберт де Ниро, пријатели и филмски икони, се појавија во емотивна мо... Најубавата реклама, видео и фотки што ќе ги видите денес - Ал Пачино (85) и Робе...
Моќно видео: Немажените сакаат брак, невработените - работа, паровите без деца - деца, но... Тие што се во брак размислуваат за развод. Тие што се сингл сонуваат да се ожена...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Летни маки што им се добро познати на сите кои живеат во град, низ илустрации Треба психички да се подготвиме пред секое влегување во автомобил, а кога навече...
Жена од Хрватска искрена на Инстаграм: „Носиме износена облека 90% од денот, дома ни е хаос, а храна... „Животот не треба да биде совршен и филтриран. Потсети се како навистина изгледа...

Најчитани неделава