Зошто мора да сте малку луди за да успеете во животот?

Сигурно веќе многу пати досега сте слушнале како треба да бидете малку пооткачени отколку што сте, за нешто да ви успее. И пред да превртите со очите, вистина е, лудоста и успехот се синоними.

zosto-mora-da-ste-malku-ludi-za-da-uspeete-vo-zivotot-01.jpg

Било да се работи да љубов, кариера, уметност, активизам или поезија, „лудаците“ се оние кои ги поместиле границите и благодарение на тоа станале славни и успешни.

Зошто и вие треба да сте малку пооткачени за да успеете?

1. Тогаш нема да ви е грижа што мислат другите

Откачените луѓе одамна знаат дека колку побрзо се ослободите од притисокот што мислат другите, толку побрзо ќе бидете среќни. Кога не ве гушат очекувањата дека нешто мора да направите затоа што е „нормално“, станувате послободни и креативни.

2. Тогаш нема да се грижите за правилата

Правилата ги создаваат луѓето со недостаток на фантазија и креативни иде. Како можете да уживате во спонтаноста ако постојано се грижите за времето и протоколот? Како може цело време да следите туѓи упатства и да се плашите да размислувате над она што веќе постои?

3. Тогаш наместо „не“, ќе слушате „те предизвикувам“

Пробајте на (позитивно) откачен човек да му кажете „не“ и тоа ќе го прифати како предизвик.

4. Тогаш ќе бидете доволно луди за да верувате во себе

Не се работи за тоа дека сите други луѓе се поталентирани, попаметни и подобри од вас, се работи за тоа што тие веруваат дека се доволно моќни и посебни за да го добијат тоа што го сакаат.

5. Тогаш нема да барате дозвола

„Попрво би молел/а за простување, отколку да прашам за дозвола“ ќе биде вашето ново мото.

6. Тогаш ќе ја бркате страста, а не парите

На откачените луѓе парите не им се доволни за да ги одржат. Страста ги води на места на кои парите никогаш нема да можат.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Страшните услови во фабриките за Labubu: Работат тинејџери, некои се заразиле со туберкулоза Нова истрага покажала дека работниците во фабриките за Labubu се соочувале со уж...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
Љубовницата му носела други жени, живее раскошно во Русија по падот на неговиот режим: Кој е поранеш... Поранешниот сириски претседател кој го споредуваа со диктатор по падот на негови...
Забавни ситуации во кои ќе се препознаат сите над 30 години: „Ова сум дефинитивно јас“ Порано се зацрвенувавте кога некој ќе ви дадеше комплимент, особено некој непозн...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
12 фотки направени во „вистински“ момент - Ќе ги протриете очите за да сфатите што гледате Умот понекогаш си игра со нас, особено кога ќе видиме нешто, па мора да застанем...

Најчитани неделава