Страшните услови во фабриките за Labubu: Работат тинејџери, некои се заразиле со туберкулоза

Нова истрага покажала дека работниците во фабриките за Labubu се соочувале со ужасни услови. Имале екстремно ниска плата, работеле прекувремено, а доколку сакале да дадат отказ во првите три месеци, морале да платат огромна казна која дефинитивно не можат да си ја дозволат.

strashnite-uslovi-vo-fabrikite-za-labubu-rabotat-tinejdzheri-nekoi-se-zarazile-so-tuberkuloza-01.jpg

Labubu играчките станаа огромен хит летоска, а бидејќи и славните жени ги носат како модни додатоци на чантите, се гледаат и како статусен симбол.

Но, нова истрага покажала дека условите на работниците во фабриката каде што се прават играчките се во најмала рака ужасни.

strashnite-uslovi-vo-fabrikite-za-labubu-rabotat-tinejdzheri-nekoi-se-zarazile-so-tuberkuloza-02.JPG

Labubu е бренд на кинеската компанија за играчки Pop Mart и наводно во нивните фабрики работеле тинејџери за многу ниска плата.

Како што пренесува The Sun, во фабриките на компанијата биле вработени околу 4.500 тинејџери, а откако се зголемила популарноста на Labubu, имале нереалистични таргети.

Односно, се очекувало тимови од 30-тина работници да состават и по 4.000 Labubu играчки дневно.

strashnite-uslovi-vo-fabrikite-za-labubu-rabotat-tinejdzheri-nekoi-se-zarazile-so-tuberkuloza-03.JPG

Според законите во Кина, дозволена е прекувремена работа од најмногу 36 часа месечно. Но, работниците на компанијата за играчки имале и до 100 часа прекувремена работа месечно.

Оние кои работеле на истрагата велат дека сомневале и дека вработените во фабриките се соочуваат и со присилна работа.

Секое утро, пак, вработените морале да доаѓаат многу порано од почетокот на работното време на состаноци каде им била повторувана важноста од строгата дисциплина на работното место.

strashnite-uslovi-vo-fabrikite-za-labubu-rabotat-tinejdzheri-nekoi-se-zarazile-so-tuberkuloza-0.JPG

Во склоп на истрагата биле интервјуирани 50-тина работници кои ги шиеле и ги склопувале играчките.

Тие откриле дека работат шест дена неделно, како и дека се чувствувале како да се во затвор поради тешката работа и многу ниската плата.

Покрај ова, тие работеле и во нечисти услови и некои вработени споделиле дека се заразиле со туберкулоза само по еден месец работа во фабриката.

Работниците немале прво на платен одмор, ниту на боледување.

strashnite-uslovi-vo-fabrikite-za-labubu-rabotat-tinejdzheri-nekoi-se-zarazile-so-tuberkuloza-05.JPG

Имале мошне кратки паузи за ручек и можеле да јадат само во мензата во фабриката. Но, имало само две релативно мали мензи за повеќе од 4.000 работници.

Па, повеќето не успевале ни да дојдат на ред поради кратките паузи.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg