Страшните услови во фабриките за Labubu: Работат тинејџери, некои се заразиле со туберкулоза

Оброкот најчесто бил ориз или супа, а неретко бил ставани од огромни тенџериња кои стоеле на валканиот под.

strashnite-uslovi-vo-fabrikite-za-labubu-rabotat-tinejdzheri-nekoi-se-zarazile-so-tuberkuloza-04.JPG

Бидејќи некои работници живееле многу далеку од фабриката, биле присилени да преспиваат во тамошниот интернат кој бил преполн луѓе.

Покрај тоа, некои работници тврделе дека не смеат да одат во тоалет, ниту да се напијат вода повеќе од двапати за време на неколкучасовната смена.

strashnite-uslovi-vo-fabrikite-za-labubu-rabotat-tinejdzheri-nekoi-se-zarazile-so-tuberkuloza-08.JPG

Друг проблем биле и договорите за работа. Бидејќи работниците биле очајни за работа, го потпишувале договорот без добро да го разгледаат.

Но, и луѓето што ги вработувале им давале само неколку минути да го погледнат договорот. Па, повеќето не ни биле свесни дека во договорот е наведено дека не можат да дадат отказ порано од три месеци од потпишувањето. Во спротивно ќе платат казна.

strashnite-uslovi-vo-fabrikite-za-labubu-rabotat-tinejdzheri-nekoi-se-zarazile-so-tuberkuloza-06.JPG

„Ако работниците сакаат да дадат отказ во првите три месеци, ќе треба да платат казна од 85 долари. Поради ова работниците не ни сакаат да си одат.

Немаат избор освен да останат бидејќи нивните плати и онака се ниски.

Некои работници спомнаа и други казни, повисоки од 200 долари. Ако, на пример, изгубат некој алат, ќе треба да го платат по многу повисока цена“, открива жена која работела на истрагата.

strashnite-uslovi-vo-fabrikite-za-labubu-rabotat-tinejdzheri-nekoi-se-zarazile-so-tuberkuloza-9.JPG

Labubu играчките денес се толку популарни, што некои изданија се препродаваат и по цена од неколку илјади долари.

Лиценцата ѝ припаѓа на кинеската компанија Pop Mart чија вредност драстично се зголеми благодарение на Labubu.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg