Дали знаете за што служат нитните на фармерките?

Нема личност на планетава која во својот плакар нема барем еден пар фармерки. Но, дали некогаш сте се запрашале за што служат металните нитни кои се наоѓаат на врвовите на џебовите?

Ste-pomislile-li-nekogas-za-sto-sluzat-nitnite-na-farmerkite-01

Откако се појавиле во 1879-та година, фармерките за кратко време станале омилен избор меѓу фармерите и копачите на злато. Иако практично било многу тешко да се скинат, работниците морале често да одат кај кројач за да им ги сошие џебовите кои постојано им се парале.

Кројачот Џејкоб Дејвис добил идеја дека може да ги спои џебовите со бакарни нитни.

Бил свесен дека неговата идеја е генијална, но немал пари да го патентира својот изум. Затоа, го посетил Леви Штраус, произведувач на фармерки, нудејќи му заедно да започнат производство на фармерки со нитни.

Ste-pomislile-li-nekogas-za-sto-sluzat-nitnite-na-farmerkite-02

За фармерките да изгледаат подобро, конецот со кој биле сошиени џебовите е со боја на бакар за да не се разликува од бојата на нитните.

Работниците во Сан Франциско, а подоцна и работниците низ светот биле воодушевени колку практични и долготрајни се новите фармерки со нитни, па истите за многу кратко време станале апсолутен хит. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку пари навистина имал Пабло Ескобар (и како ги трошел)? „Знам дека Пабло заработуваше толку многу кеш, што секоја година, губеше околу 1...
Искрени исповеди на жени: „Најголемата грешка што ја направив во младоста – не ја повторувајте и вие... „Се омажив со љубовта од факултет, што не беше грешка. Грешката беше што останав...
Фотки кои ќе ве потсетат што сè преживеавме за време на пандемијата Некои носеа маски, а некои цел скафандер за да се заштитат, а учењето и работење...
Каков ракопис имале познатите историски жени: Мерилин Монро неразбирлив, кралицата Елизабета I - вез... Мерилин Монро имала ракопис кој аналитичарите го поврзувале со нејзината анксиоз...
6 големи разлики меѓу животот во стан и куќа, низ забавни илустрации Чистењето на станот многу зависи од „куќниот ред“ во зградата и времето за одмор...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава