Не ви крева слушалка?

Запознавте девојка, разговорот поминал забавно и на крај ви го дала својот број. Неколку дена подоцна вие ја барате, но таа не ви крева...

 

...слушалка, ниту подоцна ве бара назад.

Нормално дека не ви е јасно што се случило и што се променило и која е причината поради која таа не сака да разговара со вас. Причини може да постојат бесконечно многу, но овие се најчестите:

1. Ви го дала својот број затоа што тоа било наједноставниот излез од ситуацијата

Понекогаш ќе добиете број само затоа што тоа изгледа како наједноставен излез од ситуацијата во која се наоѓате. Наместо таа отворено да ви каже дека не е заинтересирана, се одлучила за полесна варијанта - ви го дала својот број, а веднаш знаела дека нема да ви се јави.

Доколку сте и побарале број, а таа се двоумела и не сакала да ви го даде бројот, но вие сте биле упорни, веројатно тоа било најлесно решение.

2. Дознала нешто поради што повеќе не е заинтересирана за вас

Жените се комплицирани и морате да се навикнете на тоа дека лесно менуваат мислење. Тешко е да се каже зошто го сменила своето мислење, а уште потешко да влијаете на тоа. Можеби целата ситуација наредниот ден да и изгледа поинаква, можеби нејзините пријателки кои исто така ве запознале забележале нешто што не им се допаѓа, па ваквото мислење го пренеле на неа.

Исто така, голема е веројатноста да дознала нешто што не и се допаѓа од некоја сосема трета личност која вас добро ве познава. Ако имате Фејсбук - веројатно го проверила вашиот профил и променила мислење.

ne-vi-kreva-slusalka1


3. Постои некој во нејзиниот живот

Можеби веќе се гледа со некој, но не е во врска, т.е. не сметала дека има причина зошто да не ви го даде својот број. Но, подоцна сфатила дека ако повторно излезе со вас, може да го изгуби она што веќе го има со другиот па се предомислила.

Или ситуацијата помеѓу неа и третата личност се изменила и сега таа е во врска. Исто така може да се случи таа да била скарана со момчето или во некој си прекин на врската, а сега повторно се смириле.

4. Била пијана

Добро, можеби не испила толку многу да не може да разговара, но било доволно ако без размислување ви го дала својот број иако вообичаено нема навика да дава број на мажи кои штотуку ги запознала. Наредниот ден кога ќе се отрезни не сака ниту да се сеќава на претходната вечер, а посебно не да разговара со некој кој штотуку го запознала и тоа во такво светло.

Или втора верзија - воопшто и не се сеќава дека некому го дала својот број. Во секој случај, пристојно е да ја побарате повторно, можеби не го слушнала телефонот, а потоа заборавила да ве побара или не знаела чив е тој број. Но, ако ни тогаш не ви крене слушалка или не ве побара назад, тогаш подобро да се откажете.

Би можело да ве интересира:

Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Женските маки низ 10 забавни илустрации Како се чувствуваме во оние денови, кога маки мачиме со циклусот? Како изгледа к...
Бон-тон правила со кои ќе ги импресионирате сите во ресторан и на свечен настан Доколку организаторот на настанот нема одредено места за седење, гостите треба д...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Животот пред 30 години и денес: Како изгледа генерацискиот јаз (низ забавни илустрации) Порано родителите само на родителски средби дознаваа за однесувањето на своите д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg