2 прашања според кои луѓето оценуваат дали сте им симпатични

Запознавате нова личност и само за неколку секунди знаете дали таа личност ви се допаѓа или не и дали би сакале и понатаму да останете во контакт со неа, но сте се запрашале ли некогаш според што ја донесувате таа одлука?

2-prasanja-spored-koi-lugeto-ocenuvaat-dali-ste-im-simpaticni-1.jpg

Професорката Ејми Кади од „Harvard Business School“ спровела истражување во траење од 15 години токму за тоа врз основа на што луѓето до донесуваат првиот впечаток.

Резултатите покажале дека постојат два главни критериуми според кои луѓето се раководат кога запознаваат нова личност.

„Можам ли да и верувам на оваа личност?“ и „Можам ли да ја ценам оваа личност?“ се двете прашања кои се поврзуваат со димензии како топлина и конкуренција.

Она што е интересно е дека повеќето луѓе, особено во професионалната средина, веруваат дека конкуренцијата е поважниот фактор. Она што тие сакаат на тој начин да го покажат е дека веруваат во својата интелигенција и идеи и не се плашат од секој оној кој ќе им застане на патот.

Сепак топлината, или чувството со кое ги поттикнувате луѓето да ви веруваат, е најважниот фактор при запознавањето.

„Од еволутивна гледна точка“ – објаснува Кади – „многу поважно за нашиот развој е да знаете дали една личност ја заслужува вашата доверба.“

„Нормално ако живеете во пештера многу ви е поважно да сфатите дали новиот познаник сака да ве убие и да ви земе сè што имате отколку да ви покаже нов и полесен начин на ловење.“ – додава таа.

Но, иако способноста е една од важните карактеристики, таа доаѓа на листата дури откако ќе се воспостави довербата. А преголемото фокусирање на тоа да се покажете како способни и интелигентни понекогаш може да биде и контра продуктивно.

Стажистите во многу компании се толку многу загрижени да остават добар впечаток на паметни и вредни луѓе што се трудат сè да направат сами, не барајќи никаква помош што често води со мислење дека тие едноставно премногу затворени и некомуникативни, а секако тоа се карактеристики кои не придонесуваат да се стекне доверба.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 реални ситуации што може да ви се случат кога ќе отидете во продавница „само по леб“ Одите во продавница по пижами со надеж дека нема да сретнете никој познат или со...
Фотки кои ја покажуваат надреалната убавина на природата Сте виделе ли пердув од колибри? А, сте виделе ли колку им се долги нозете на бу...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Страшните услови во фабриките за Labubu: Работат тинејџери, некои се заразиле со туберкулоза Нова истрага покажала дека работниците во фабриките за Labubu се соочувале со уж...
„Празници им се и на оние во болница, а и на оние кои примаат сочувство - Имајте разбирање за нив“ Среде еуфоријата во празничниот период забораваме дека најважниот подарок всушно...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...

Најчитани неделава