Како музиката влијае врз емоционалната интелигенција?

Ако чувствувате лазење на морници додека слушате емотивна музика, веројатно вие се надарени со емоционална интелигенција, за разлика од другите на кои „музиката не им допрела до срцето.“

kako-muzikata-vlijae-vrz-emocionalnata-inteligencija-01

Или барем така покажува едно ново истражување.

На Универзитетот „Eastern Washington“ во САД било спроведено истражување за влијанието на музиката врз поединци. Поточно, како таа може емотивно и физички да влијае врз индивидуата.

Главниот истражувач и професор по социјална психологија, Др. Амани Ел-Алајли, тврди дека морниците на рацете и наежената кожа се јасен знак на емотивност.

За да го тестираат ова тврдење, испитаниците слушале 5 различни музички дела, а секојпат кога чувствувале морници, тоа морало да биде забележано.

Испитувањето покажало дека луѓето кои подлежат на ежење на кожата додека слушаат музика, имаат поголема емоционална интелигенција од оние кои не чувствуваат ништо.

А, такви чувства имале дури две третини од испитаниците.

Исто така, тие луѓе се покажале како многу емотивни, личности со активна имагинација и кои повеќе ја ценат убавината на природата, за разлика од другите.

Истражувачите објаснуваат дека ежењето се појавува кај луѓе кои ја доживуваат музиката, а не само ја слушаат.

Најчесто причината за тоа е неочекуваната хармонија, ненадејните промени во гласноста или неверојатните солистички изведби.

Ежењето на кожата е физичка манифестација на чувства која се случува кога ќе настанат позитивни, но неочекувани промени кај слушачот. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци дека трошите неконтролирано (и не знаете каде ви одат парите) Секој ден купувате кафе наместо да си носите од дома, постојано купувате оброци ...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
Некултурни луѓе кои заслужуваат да се најдат на „ѕид на срамот“ (фото) Луѓе кои блокираат раскрсници бидејќи минуваат на жолто, родители кои им дозволу...
Дехидрирана крв, пресадена рожница: Фотки кои покажуваат колку е чудно човечкото тело Сте виделе и како изгледа дехидрирана крв или, пак, рендгенска снимка од бебешка...
8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
Неучтиви работи што многу луѓе ги прават во теретана (а не треба) Не ги враќаат теговите на свое место, прават цела фотосесија пред огледалото, пу...

Најчитани неделава