„Патека на бегството“ - Едноставен рецепт за да се ослободите од стресот

Кога сме изложени на стресни ситуации, нашата продуктивност се намалува, нè мачат несоници, дишеме забрзано и плитко...

pateka-na-begstvoto-ednostaven-recept-za-da-se-oslobodite-od-stresot-01.jpg

Еден од методите кои можат да ви помогнат успешно да се соочите со секојдневието и стресните ситуации е методот именуван како „Патека на бегството“ кој го препорачува клиничкиот психолог Џесами Хиберд.

Основната замисла е во мислите да си создадете место кое ќе ве релаксира.

Како да го направите тоа? Релаксирајте се и обидете се да го визуелизирате секој предмет. Почувствувајте ги мирисите кои ве опкружуваат, слушајте ги звуците околу вас.

Можеби на почетокот ќе ви биде потешко, но со малку труд ќе успеете да се замислете во некоја оаза на позитивно расположение во која можете да потонете секојпат кога сте под стрес.

Пример:

Замислете како одите по некое широко поле. Топло е. Сонцето блеска. Небото е совршено сино.

Одите по полето и одеднаш забележувате река. Ја чувствувате студената вода, а околу неа, прекрасни дрвја.

Легнувате и длабоко го вдишувате чистиот воздух.

Прстите ви се движат по меката зелена трева околу вас.

Слушате како водата жубори и стапалата ги пикате во водата.

Го чувствувате мирисот на зелената трева околу вас и шумскиот крај.

Одморајте се колку ви е потребно.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
9 ситуации кога треба да се справите со (непријатни) продавачи, низ илустрации Дали продавачи пробале да ве убедуваат дека нешто ви стои одлично само за да го ...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
Извадил 200 евра, купил билет за Лондон и исчезнал: Детали за чудното исчезнување на 14-годишниот Ен... Ендру Госден бил натпросечно интелигентно дете кое немало ниту еден изостанок на...

Најчитани неделава