Колумбија направи нови банкноти во чест на Габриел Гарсија Маркез

Ликот на нобеловецот Габриел Гарсија Маркез ќе ја краси новата редизајнираната колумбиска банкнота од 50.000 пезоси.

Kolumbija-ke-pusti-novi-redizajnirani-banknoti-vo-cest-na-Gabriel-garsija-markez-01.jpg

За оваа вест се шпекулираше уште по смртта на славниот автор во април 2014-та година и одлуката конечно ја дочека светлината на денот.

На предната страна на банкнотата, Маркез е опкружен со пеперутки кои го симболизираат неговиот „магичен реализам“, додека на опачината се прикажани Аравак Индијанци пред своите традиционални домови во т.н. „Изгубен град“ во близина на карипскиот брег, како спомен од една голема цивилизација.

Централната банка официјално ќе ги претстави банкнотите со националниот миленик „Габо“ на 19-ти август во главниот град, Богота.

kolumbija-ke-pusti-novi-redizajnirani-banknoti-vo-cest-na-gabriel-garsija-markez-1.jpg

kolumbija-ke-pusti-novi-redizajnirani-banknoti-vo-cest-na-gabriel-garsija-markez-2.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
Во Кина има „затвори“ за луѓе со прекумерна тежина: Никој не смее да си замине, вежбаат по 4 часа дн... Во таканаречените „затвори“ за луѓе со прекумерна тежина во Кина, учесниците сле...

Најчитани неделава