Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Каква интелигенција поседуваш

proverete-kakva-inteligencija-poseduvate-povekjeИнтелигенцијата е способност за снаоѓање во непознати околности и пронаоѓање решение. Постојат различни типови на интелигенција кои се разликуваат...

 

...од личност до личност. Проверете каков вид интелигенција поседувате вие:

proverete-kakva-inteligencija-poseduvate

1. Вербална интелигенција

Склоност кон читање, пишување и вербално изразување. Најчесто овие лица се писатели, говорници, политичари, адвокати или професори.

2. Логичко – математичка интелигенција

Склоност кон експериментирање, истражување, поставување и решавање математички задачи и сл. Овој вид интелигенција се препознава кај научници, математичари, инженери, сметководители и компјутерски програмери.

3. Музичка интелигенција

Овие луѓе обожаваат пеење, слушање музика и свирење. Одлично препознаваат мелодии и имаат нагласено чувство за ритам. Тука спаѓаат пејачи, композитори и музичари.

4. Просторна интелигенција

Просторно интелигентната личност сака цртање, гледање филмови и ужива во креативноста. Сложувалки, лавиринти, фантазирање и сонување се дел од нејзините интереси. Добро е развиена кај дизајнерите, сликарите и архитектите.

5. Лична интелигенција

Овие личности најдобро од сите се разбираат себе си, своите желби и потреби, што е добро, а што не е за нив. Самостојни се во работата и се занимаваат со своите интереси.
Оригинални се во работата, насочени кон остварување на своите сништа и амбиции. Изразена е кај теоретичарите и филозофите.

6. Телесна интелигенција

Овие личности успешно го користат говорот на телото во своето функционирање. Уживаат во телесните активности. Пример се танчерите, спортистите, акробатите.

7. Социјална интелигенција

Овие личности се пријатно друштво, добри пријатели, достапни и комуникативни. Подеднакво добри соработници, организатори и лидери во работата. Најчесто се професори, лекари, предавачи, политичари и психотерапевти.

 

Би можело да ве интересира:

7 начини на кои несвесно се повредувате самите Дали се лажете себеси дека сте среќни и не си признавате дека нешто ви пречи? Со...
Низ илустрации: Колку брзо (и драстично) ни се промени животот? Се сеќавате ли дека порано чекавме цела недела за да изгледаме нова епизода од о...
Скопје, Варшава: Новогодишните елки блескаат низ градовите во светот Низ поголемиот дел од градовите во Македонија блеснаа новогодишни елки на плошта...
Грција, Бали: Туристички дестинации кои се идеални за одмор, но не и за живот „Хаваите се убава дестинација и не е толку ужасно за живеење. Но, може да биде е...
Фото-докази дека некои луѓе имаат неверојатна среќа во животот „Мајка ми си ја најде изгубената мачка после 1 година“. „Потсетување секога...
„Ако сте во брак и имате одделни финансии, не сте тим - вие сте само цимери со бурми“ „Во брак сте - не сте цимери. Парите не треба да бидат „мои“ или „твои“, туку „н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg