Секоја жена треба да има...

sekoja-zena-treba-da-ima-1.jpg

Секоја жена треба да има

Доволно пари за да живее сама,

Без разлика дали е од потреба или желба.

Секоја жена треба да има

Нешто посебно да облече

Кога неочекувано компанијата од соништата ќе ја повика на интервју

Или мажот на нејзиниот живот ќе ја повика на состанок со најава од само половина час претходно.

Секоја жена треба да има

Младост, која е подготвена да ја остави зад себе.

Секоја жена треба да има

Неколку гревови од младоста

За кои низ смеење ќе раскажува кога ќе остари.

Секоја жена треба да има

Сет алати, бормашина

И црн градник од чипка.

Секоја жена треба да има

Една пријателка која секогаш знае да ја расположи

И една која секогаш знае да и ги избрише солзите.

Секоја жена треба да има

Барем едно парче пристоен мебел

Кој го купила самата таа,

Не нејзините роднини.

sekoja-zena-treba-da-ima-2.jpg

Секоја жена треба да има

8 идентични чинии, 8 чаши за вино

И рецепт на кој ќе се воодушевуваат сите гости.

Секоја жена треба да има

Чувство дека таа ја контролира судбината.

Секоја жена треба да има

Начин како да се заљуби без да се изгуби во љубовта.

Секоја жена треба да има

Начин на кој безболно ќе даде отказ, ќе го остави мажот со кој непрекинато се расправа

И ќе ги избегнува токсичните пријатели по секоја цена.

Секоја жена треба да има

Претчувство кога да се повлече,

А кога да стегне заби и да издржи.

Секоја жена треба да има

На ум дека не може да ја смени должината на своите нозе,

Ширината на колковите,

И своите родители.

Секоја жена треба да има

Чувство кога нешто треба да се направи од љубов,

А кога е навистина непотребно.

Секоја жена треба да има

Човек на кој знае дека може да му верува,

И човек на кој знае дека не може да му верува,

Без тоа да го зема при срце.

Секоја жена треба да има

Место каде срцето и мислите ќе и лутаат кога ќе сака комфор,

Без оглед на тоа дали ќе биде повремен „пријател“

Или хотел надвор од градот.

Секоја жена треба да има

План што сака да направи сега.

И за месец.

И за година.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...

Најчитани неделава