Музика, огромни екрани и живи бои: Добредојдовте во светот на Ван Гог

Би сакале ли да патувате во светот на Ван Гог, меѓу неговите брилијантни идеи, чувства и опсесии?

Muzika-ogromni-ekrani-i-zivi-boi-dobredojdovte-vo-svetot-na-Van-Gog-01

Уметничкиот перформанс насловен „Van Gogh Alive“ сега ви го овозможува токму тоа.

Со над 3000 слики добиени од најпознатите дела на познатиот сликар, во Рим е поставена една малку поинаква изложба.

Со цел да се доближи уметноста и културата до секојдневниот човек оваа иновативна изложба всушност ги претставува познатите дела на Ван Гог на огромни екрани кои се поставени на Палацо дељи Есами.

Освен екраните дополнителните прожектори ги претставуваат делата низ целиот простор, почнувајќи од самите ѕидовите на зградите, столбовите, дури и по самите улици.

Сите тие бои и светла се одлично надополнети од музиката на Вивалди, Лало, Шуберт, Бах, Хендл, со цел на посетителите да им се овозможи целосно уживање во уметноста.

Изложбата е предвидена да трае до 26 март 2017 година па, ако Рим е дел од вашата агенда за патувања, задолжително најдете време да ја посетите оваа несекојдневна изложба.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Трета светска војна, но не и крај на светот - Што предвидела Баба Ванѓа за 2026-та? Баба Ванѓа има неколку предвидувања за оваа година, но едно од нив е навистина з...
Човечки заби, мумифицирана мачка: Морничави работи што луѓето ги нашле во своите домови Замислете откако ќе си купите куќа и ќе ја реновирате, во неа да почнете да наоѓ...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...

Најчитани неделава