Кои се најскромните богаташи?

koi-se-najskromnite-bogatasi-povekjeКаков живот би воделе ако на сметката имате милиони евра и финансиските проблеми воопшто не постојат во вашиот речник? И додека некои би ги...

 

...трошеле парите на сите страни и би уживале во луксузот, некои од најбогатите луѓе на светот се трудат да живеат во колку-толку нормални услови.

1. Warren Buffett

koi-se-najskromnite-bogatasi-1

Милиони луѓе ги читаат неговите книги и ги следат неговите статии, а една од најважните пораки која ја споделува познатиот инвеститор е скромноста.

Се проценува дека “тежи“ 47 милијарди долари, но избегнува недвижности и луксузни производи.

Со сопругата живеат во сосема обична куќа во Омаха, која ја купиле заедно за 31.500 долари пред 50 години.

На прашањето зошто не поседува јахта тој одговара: “Тоа се играчки кои создаваат само проблеми“.

koi-se-najskromnite-bogatasi-22. Carlos Slim

Сите сме чуле за Бил Гејтс, но малку од нас се запознаени со ликот и делото на Carlos Slim.

Мексиканецот неодамна е прогласен за најбогата личност со имот од 53 милијарди долари.

Слим живее мошне повлечено, нема сопствен авион ниту пак јахта, а домот го нема променето во изминативе 40 години.

3. Ingvar Kampradkoi-se-najskromnite-bogatasi-3

Основачот на Икеа не смислува начини за заштеда само за своите купувачи, туку правилото дека добрите работи можат да се набават и по пристапни цени го следи и во приватниот живот.

Луѓето кои купуваат кај нас не сакаат блескави автомобили и не спијат во луксузни хотели. Јас сум еден од нив“ - изјавил Кампард и признал дека на работа се уште се вози со јавен превоз и со своето 15 години старо Волво 240GL.

koi-se-najskromnite-bogatasi-54. Chuck Feeney

Feeney е роден во времето на Големата депресија и неговото лично мото гласи “Сакам да работам напорно, но не за да се збогатам“.

Соосновач е на компанијата Duty Free Shoppers преку која стекна милијарди долари без да стане познат во јавноста.

Најголем дел од средствата ги донира на хуманитарни организации, училишта, истражувачки институти и болници.

Користи јавен превоз, не пати за скапи алишта, а неговите деца за летниот период работат за својот џепарлак.

koi-se-najskromnite-bogatasi-45. Frederik Meijer

Сопственикот на ланец супермаркети е тежок 5 милијарди долари.

И покрај тоа тој вози просечни автомобили кои ги менува само ако механичарите не можат да им помогнат.

На службени патувања спие во обични мотели, но затоа е мошне великодушен кога станува збор за донации и помош на оние кои им е најпотребна.

Би можело да ве интересира:

12 луѓе кои мораа да направат пластична операција (и животот одеднаш им стана поубав) „Направив операција на носот поради проблеми до дишењето и сега сум како нов чов...
Сè ве боли, нема крај на плаќање сметки: 15 проблеми кои како старееме почнуваме да ги имаме Проблем број 1 и 2 на возрасните се: „Да размислуваш што ќе јадеш, секој ден, за...
Кики Мукаетова сподели забавно видео од Ана Брнабиќ во Собрание: „Има ли некој Кафетин?“ Во морето од сериозни политички моменти, еден краток клип стана интернет хит. Ан...
Хурем Султан, Вивиен од Pretty Woman - Како би изгледале познатите женски ликови без шминка? Некои женски филмски ликови се многу специфични поради шминката што ја носат. Но...
Што се случуваше во првите месеци од 2020-та, пред самиот почеток на пандемијата? Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа, Џеј Ло беше во врска со Алекс Родр...
Луѓе кои како да „процветаа“ по 40-тата година, па изгледаат многу подобро отколку во младоста „Поминав низ средовечна криза и решив да се посветам повеќе на себе. Сега се чув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg