Што се случуваше во првите месеци од 2020-та, пред самиот почеток на пандемијата?
Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа, Џеј Ло беше во врска со Алекс Родригез, Parasite издоминира на Оскарите, а Илон Маск имаше „само‘ шест деца – сето ова се настани од почетокот на 2020-та, кратко пред Светската здравствена организација да прогласи пандемија. Ви се верува ли дека поминаа дури шест години?

Дали ви се чини дека од почетокот на пандемијата поминаа само две-три години?
Ако одговорот е да, не сте единствените, но во реалноста, ширењето на коронавирусот официјално беше прогласено за пандемија на 11-ти март 2020-та – пред точно шест години.
На почетокот, освен медицинските лица, на останатите како да не ни беше јасно што сè нè очекува.
Животот ни се промени толку многу, што она што се случуваше во 2020-та, сега ни изгледа како од некоја друга реалност.
Истовремено, поради локдаунот годините ни се слеаја во една, па скоро сите имаме изменета перцепција за времето.
