Што можете да откриете за себе од рацете?

Главниот човек кој стои зад американската организација за проучување на рацете, Кеј Пакард, вели дека рацете можат многу да откријат за нашиот карактер и не само затоа што хиромантијата така вели.

shto-mozete-da-otkriete-za-sebe-od-racete-01.jpg

Оваа организација на основа на бројни истражувања дава неколку заклучоци:

1. Прво, одредете која рака ви е силна (доминантна)

Прстите и општо целата рака која ви е доминантна (онаа со која пишувате) покажува какви сте со околината, посебно какви сте на професионален план, а онаа која не ви е доминанта покажува какви сте со семејството, партнерот и блиските.

2. Одредете ги силните и слаби страни на вашите прсти

Колку одреден прст е силно изразен и на себе има јасни црти, толку одредени особини повеќе ви се изразени во карактерот и спротивно. Ако одреден прст ви е долг, тој е силен прст и обратно. Ако одреден прст ви е заоблен, тој е слаб прст и обратно.

shto-mozete-da-otkriete-za-sebe-od-racete-1_copy.jpg

Еве како се поврзуваат карактеристиките:

Палец - насоченост кон кариерата

Показалец - желба да поседувате моќ и да бидете влијателни

Среден прст - самодоверба и мудрост

Домал прст - креативност

Мал прст - способност за комуникација

3. И обликот на прстите кажува нешто за вас

Кружен облик - Сакате хармонија со другите и се плашите од неодобрување

Заострен - Мистериозни личности кои длабоко во себе се практични и едноставни

Квадратен облик - Перфексионисти кои не сакаат кога работите пред нив не се под контрола и испланирани

Правоаголен - Вие сте оригинални и не сакате рутина

shto-mozete-da-otkriete-za-sebe-od-racete-2.jpg

4. Колку ви се оддалечени прстите?

Ставете ја раката на рамна површина...

Ако прстите ви се оддалечени, вие сте независна личност која ужива да експериментира.

shto-mozete-da-otkriete-za-sebe-od-racete-3.jpg


Ако прстите ви се близу едни до други, вие сте внимателни и затворени.

shto-mozete-da-otkriete-za-sebe-od-racete4.jpg


Ако средниот и домалиот прст ви се одвоени, вие не можете да подлегнете на социјалното влијание, а ако се споени, сакате да се вклопите во општоприфатените работи.

shto-mozete-da-otkriete-za-sebe-od-racete-5.jpg


Ако домалиот и малиот прст ви се близу еден до друг, тогаш вие сакате да размислувате, аналитички се концентрирате на работите и не сакате да бидете под контрола. Ако се одвоени, тогаш значи дека избегнувате сериозни разговори и тешко донесувате одлуки.

shto-mozete-da-otkriete-za-sebe-od-racete-6.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава