Немам купено ништо ново цели 200 дена - Што заклучив?

Пред некое време се соочив со едно на најболните искуства во мојот живот – загубата на мојот татко.

Ne-kupiv-nisto-novo-200-dena-ova-se-rabotite-koi-gi-nauciv-01

Откако веќе го немаше, требаше да направиме нешто со сите негови работи.

Дел од нив дониравме, дел фрливме, дел решивме и понатаму да ги задржиме.

Сето тоа ме натера да помислам колку само вложуваме во тие нешта, за на крајот само да ни биде тешко да се збогуваме со нив.

Токму затоа, си поставив предизвик дека нема да купам ништо ново во следните 200 дена.

И успеав во тоа. Исклучок од ова правило беа лековите, храната, чизмите за планинарење кои навистина ми беа потребни и основните средства за хигиена.

Ова се работите кои ги научив од тоа искуство:

1. Веќе постојат премногу работи на светот

Постојаното купување создава купишта од облека, апарати, мебел, најразлична електронска опрема која навистина не ни е потребна. Сигурно секој од нас има дома еден куп работи кои само зафаќаат место, а ги купил за „секој случај“.

2. Луѓето купуваат работи само заради желбата за купување

Пребарувајќи низ плакарот сфатив дека имам дома еден куп нови работи кои стојат со етикета и воопшто не сум ги облекла. Веројатно водена од желбата да не си одам со празни раце, во продавницата ми изгледале убаво, за потоа дома да сфатам дека можеби и не се толку убави.

3. Постои неразумна стигма кон користените нешта

Кај многу луѓе постои идејата дека донираната облека или мебел едноставно е нечиста или недоволно добра за да се користи. Сепак ваквата перцепција е сосема погрешна, бидејќи ако веќе ние донираме облека за сиромашните и таа е во ред за нив, зошто за нас нештата треба да бидат поинакви?

4. Постои толку голем избор

За време на мојот предизвик сфатив дека не мора постојано да одам до големите супермаркети, бидејќи голем дел од работите кои ми требаат можев да ги купам од локалните продавници и пазари.

5. Кога нештата не се нови, не се ни скапи

Купувањето користена облека и половни апарати навистина ја зголеми мојата банкарска сметка, нешто на што и не помислив доволно кога си го поставив овој предизвик.

6. Одлично е чувството кога му плаќате на човек, а не на голема фирма

Кога ги давате парите директно на некоја личност, сфаќате дела придонесувате за тој подобро да живее и се чувствувате корисно. Навистина е убаво чувството кога помагате на некој како вас да добие нормален живот, а не кога ги давате парите за трупање на нечие богатство, кое и онака е веќе на завидно ниво.

7. Навистина и немам потреба од многу нешта

Кога ќе го сведете купувањето на основните нешта кои навистина ви се потребни, ќе сфатите дека многу од работите кои претходно сте ги купувале, всушност и воопшто не ви требаат. Листата на вистински потреби е навистина кратка – сè останато е само маркетинг трик и нагон за купување, кој штом научите да го контролирате, ќе станете многу посреќни.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg