Повеќе пцовки = поголем интегритет и помалку лаги

Пцуењето одамна не е некоја табу тема, но сè уште се третира како непристојно, одлика на необразованост, со аргументот како истото не ѝ доликува на една дама.

Povekje-pcovki-pogolem-integritet-i-pomalku-lagi-01.jpg

Секако дека е важно да се изразиме себеси јасно, интелигентно и без вулгарности. Но, да бидеме искрени, понекогаш нема ништо подобро од порој на сочни пцовки и изрази кои вистински ја одразуваат ситуацијата и расположението какви што се, без да ги маскираме или да им врзуваме машничка.

Пцуењето не само што понекогаш прави да се чувствувате подобро, туку е и индикатор на добар карактер.

Ова се резултатите добиени од последното истражување спроведено во 3 дела, објавени во статијата: „Искрено, нè боли: Врската помеѓу вулгарност и искреност“.

Во истражувањето учествувале 276 луѓе кои ја покажале својата склоност кон непристојни зборови, емоциите кои тие ги предизвикуваат и кои пцовки најчесто ги употребуваат. Истовремено, биле анализирани и статусите кои постојано се обновувале на Фејсбук на повеќе од 73.000 корисници, односно оние кои содржеле пцовки во себе,

Конечниот резултат? Оние кои пцуеле повеќе и почесто, автоматски лажат помалку и потенцијално имаат повеќе интегритет и се поавтентични, наспрема оние кои се самоцензурираат и внимателно ги избираат зборовите.

Има логика?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Детали од секојдневието на Американците што секогаш ги изненадуваат странците „Луѓето немаат платен одмор. Неодамна чичко ми се пресели од САД во Англија и ре...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...
Татко му го малтретирал, мајка му не го ни прегрнувала: Тажни детали од детството на кралот Чарлс Кога кралицата Елизабета се вратила од шестмесечна турнеја, не го прегрнала Чарл...
8 ситуации кои на луѓето што живеат во град им изгледаат неверојатно кога одат во село Ако сте на диета, не ни помислувајте да одите на село, особено не кај вашата баб...

Најчитани неделава