2-ри февруари е ден резервиран за палачинки

Секоја година датумот 2-ри февруари во Франција е резервиран за јадење палачинки. Денот се нарекува „La Chandeleur“ додека Французите се сладат со познатото тесто надополнето со вкусни додатоци.

Den-za-palacinki-nacionalen-praznik-vo-Francija-01.jpg

Овој религиозен католички празник се паѓа точно 40 дена после Божиќ, но прославата со јадење палачинки влече корени од минатото, односно врзана е со предхристијански празник каде што се славела жетвата и се означувала средината на зимската сезона.

„La Chandeleur“ претставува мешавина од двете традиции, а резултатот е јадење вкусни палачинки. Кружната тркалезна форма на палачинката го симболизира сонцето и кругот на животот, додека самиот чин на јадење и споделување палачинки се поврзува со историската традиција каде што Папата им дава јадење на сиромашните секоја година токму на 2-ри февруари.

Локалното население објаснува дека овој ден се смета за еден од најсуеверните денови во Франција.

Сé зависи од тоа во кој дел на Франција се наоѓате. Некаде, жителите ставаат паричка врз палачинката додека ја печат за среќа, додека други веруваат дека треба да држите паричка во десната рака додека ја превртувате палачинката со левата рака. Доколку не ви падне ниту едно од двете, целата година ќе ви биде исполнета со благосостојба.

Den-za-palacinki-nacionalen-praznik-vo-Francija-02.gif

Едно од поинтересните суеверија врзани со Денот на палачинките е дека доколку врне дожд, тоа означува 40 плус дождливи денови во годината, додека мирно и сончево време значи дека зимата е веќе при крајот.

Интересна традиција, а ние можеме да го присвоиме само делот со јадење палачинки, зарем не? Поканете ги најблиските на палачинки со меурчиња кои се топат во устата и не заборавајте – Bon Appétit!

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...
Пензионерки убивале бездомници за пари од осигурување во 2000-тите: Детали за убиствата на „црните в... Кога биле во доцните 60-ти од животот, Хелен и Олга убиле бездомник и од животно...
Фото докази нема ништо посилно од љубовта кон братот или сестрата „Другар ми секоја недела ѝ објаснува алгебра на сестра му преку видеоповик“. ...
Основни правила за носење чанта кои секоја девојка со стил треба да ги знае Не одете на формални настани со приврзоци на чантата кои делуваат детски или тро...

Најчитани неделава