Кои се најскапите лустери во светот?

Еден од најважните детали кои го оплеменуваат, разубавуваат и секако го осветлуваат секој простор за живеење или работа се лустерите. 

najskapite-lusteri-vo-svetot-001.jpg

Постојат огромен број на различни дизајни, од наједноставни до футуристички, изработени од секаков тип на материјали и достапни се во сите големини, форми и бои. Идеалниот избор секогаш зависи од просторот во кој треба да се постави и стилот на уредување кој треба да го надополнат.

Прашањето е колкав буџет би издвоиле за овој елемент во просторот?

Колку и да звучи неверојатно, постојат луксузни лустери кои чинат многу повеќе од сумата која би требало да се издвои за да се купи цел нов дом. Цените дури се движат над милион долари.

Сепак се работи за лустери кои не се направени во поново време, туку се создадени пред неколку векови и дел од нив припаѓале на познати историски личности. Тоа придонесува и за зголемување на нивната вредност.

Најчесто се чуваат во музеи и се користат за украсување на сали за свечености, а некои од нив ги красат дневните соби на богатите луѓе.

Погледнете како изгледаат и колку чинат трите најскапите лустери во светот:

Првиот на листата е Givenchy Royal Hanover - лустерот кој чини неверојатни 9 милиони долари.

najskapite-lusteri-vo-svetot-02.jpg

Вториот лустер е дел од колекцијата на француски аристократ Барон Де Реде и чини 1.7 милиони долари.

najskapite-lusteri-vo-svetot-03.jpg

Третиот лустер исто така припаѓа на Барон Де Реде, а неговата цена е 1.47 милиони долари.

najskapite-lusteri-vo-svetot-04.jpg

Е. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...

Најчитани неделава