7-годишно девојче кое побарало работа во Google, добило инспиративно писмо лично од CEO-то

По влијателниот разговор со нејзиниот татко, 7-годишната Клои Бриџвотер, решила како и многу други луѓе, да побара работа во Google.

7-godishnoto-devojce-koe-dobilo-pismo-licno-od-direktorot-na-google-01.jpeg

Го испратила своето мотивационо писмо кое го адресирала до „Шефот на Google“ и чекала одговор. Но, наместо да ја добие генеричката порака која вообичаено многумина ја добиваат, таа добило писмо лично од извршниот директор на Google, Сундар Пичаи.

7-godishnoto-devojce-koe-dobilo-pismo-licno-od-direktorot-na-google-1.jpg

Во писмото, кое не е за одбивање, туку повеќе за инспирирање, Пичаи напишал: „Чекам да добијам барање за работа од тебе кога ќе завршиш со учење! :)“. Тој и го поддржува малото девојче, инспирирајќи го да продолжи да учи за компјутери, роботи и технологија, велејќи ѝ дека „може да постигне сè што ќе науми“.

?ref_src=twsrc%5Etfw

Приказната започнува кога малата Клои го испратила своето неодоливо и амбициозно писмо. Еве што пишува таа:

„Драг шеф на Google,

Се викам Клои и кога ќе бидам поголема сакам работа во Google.

Исто така, сакам да работам во фабрика за чоколади и да пливам на Олимпијадата. Одам на пливање секои сабота и вторник.

Татко ми ми кажа дека можам да седам на вреќи, да се лизгам и да се возам на колички, ако имам работа во Google.

Сакам и компјутери исто така, и имам таблет и играм игри на него.

Татко ми ми даде игра каде треба да движам робот нагоре и надолу во коцки. Ми кажа дека ќе биде добро за мене, да учам за компјутери. Татко ми ми кажа дека еден ден ќе добијам компјутер.

Имам 7 години и учителките им кажуваат на моите мајка и татко дека сум многу добра на училиште, добра сум во спелување и читање и во собирање.

Татко ми ми кажа дека еден ден, ако сум добра и продолжам да учам, дека ќе добијам работа во Google.

Мојата сестра исто така, е многу паметна, но сака кукли и да ги облекува. Има 5 години.

Татко ми ми кажа дека треба да аплицирам за да добијам работа во Google. Не знам што точно е тоа, ама ми рече дека сега за сега, доволно е да напишам писмо. Досега имам испратено само едно писмо и тоа беше до Дедо Мраз за Божиќ. Збогум.

Клои Бриџвотер, 7 години“ 

7-godishnoto-devojce-koe-dobilo-pismo-licno-od-direktorot-na-google-2.png

 Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава