5 работи што ги научив од 12 мултимилионери кои не се родиле богати

Мурад Телаб е автор кој одлучил да го промени својот начин на гледање на животот и добие нов материјал за пишување на текстови. За таа цел, одбрал луѓе кои во младоста не биле богати, а подоцна создале милиони.

5-raboti-shto-gi-nauchiv-od-12-multimilioneri-shto-ne-se-rodile-bogati-1_copy.jpg

Еве што сè научил дружејќи се со нив:

1. Не сакале работа

5-raboti-shto-gi-nauchiv-od-12-multimilioneri-shto-ne-se-rodile-bogati-2.jpg

Тие не беа ниту адвокати, ниту доктори, а поголемиот дел од нив немаа ниту факултетска диплома. Никој од нив немал работа со која може да се збогати. Еден од милионерите ми објасни дека постојат два начина за заработка: користење на луѓе и пари. Во првиот случај одите на работа, вредно работите, често не ја сакате ни работата, ни шефот, се трудите да ги исполните роковите, полека напредувате и тоа трае со години. Понатаму, наведе и дека е важно да се искористат времето и парите за паметно делување. Не размислувајте како муштерија, туку како инвеститор. Пронајдете што е она што сите други го избегнуваат и искористете го во своја корист.

2. Биле претприемачи

5-raboti-shto-gi-nauchiv-od-12-multimilioneri-shto-ne-se-rodile-bogati-3_copy.jpg

Не барале работи во кои би се вклопиле, туку создале системи кои ним им одговараат. Барале инвеститори и вредно работеле на своите идеи. Докрај верувале во своите идеи и не им било тешко да научат разни вештини и практики со кои би ја оствариле замислата. Потребен е голем труд, бидејќи идејата и креативноста не се доволни. Најдобар пример е авторката на бестселерите за Хари Потер, која со години доживувала неуспеси.

3. Поинаква филозофија

5-raboti-shto-gi-nauchiv-od-12-multimilioneri-shto-ne-se-rodile-bogati-4.jpg

По неколку дена, веќе ми беше јасно зошто овие луѓе се таму кај што се.. Тие немаат никаква врска со стереотипите за мултимилионерите. Мошне се љубезни, галантни, излегуваат секому во пресрет, ги занимаат разни нешта, опуштени се и малите работи ги прават среќни …всушност, станува збор за сосема поинаква филозофија. Тие имаат емпатија и разбирање за другите, бидејќи и самите биле на нивно место. Можеби причината лежи во тоа што не се родиле богати.

4. Самосвесни се

5-raboti-shto-gi-nauchiv-od-12-multimilioneri-shto-ne-se-rodile-bogati-5.jpg

Во ниту еден момент и ниту еден од луѓето со кои го поминував времето не се обиде да се прикаже себеси како совршен. Јавно ги изнесуваа своите мани и недостатоци, а за кои беа свесни дека ги имаат. Ова е клучната доблест за успех. Луѓето кои ги познаваат своите мани се стабилни, па ретко кој може да ги помести од патот по кој тргнале. Самосвесните луѓе знаат каде одат и колку можат. Покрај тоа, зрачат и со неверојатна харизма.

5. Имаат цел и смисла

5-raboti-shto-gi-nauchiv-od-12-multimilioneri-shto-ne-se-rodile-bogati-6.jpg

Постојат силни причини поради кои тргнале по тој пат. Секој од нив имал некаква болка во животот и проблеми заради кои одлучил да биде богат. Никој од нив не го влечела желбата да има пари и моќ. Исто така, никој од дванаесетмината не стигнал на таа позиција како резултат на чиста среќа. Нивните одлуки и тешки искуства само ја стимулирале нивната пасија. Затоа нивното богатство има смисла и цел. И најчесто сите работи со кои се занимаваат придонесуваат кон светот и околината, а не се продукт на себичноста.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава