5 најдобри начини да го засакате понеделникот

Нова работна недела, враќање на обврските, завршен уште еден (пре)краток викенд...Толку пати сме се обиделе да го засакаме понеделникот, но не е баш така едноставно, зар не?

5-najdobri-nachini-da-go-zasakate-ponedelnikot-1.jpg

Понеделник е, а многу луѓе уште од сега почнуваат со одбројување на деновите и часовите до следниот викенд.

Сепак, со следните неколку совети, понеделникот сигурно ќе ви стане поедноставен, а по некое време и ќе го засакате.

1. Максимално искористете го викендот

5-najdobri-nachini-da-go-zasakate-ponedelnikot-2.jpg

За почеток, потребно е добро да го распоредите времето во текот на викендот, така што нема да чувствувате било како заостатоци на првиот ден од новата седмица. Шетајте, поминувајте време во природа, бидете со саканите, или, пак, едноставно останете дома во вашите удобни пижами. Правете го она што најмногу ве опушта и тие два дена не мислете на работата, туку искористете ги во целост за да ги наполните батериите.

2. Станете рано

5-najdobri-nachini-da-go-zasakate-ponedelnikot-3.jpg

На многумина им паѓа тешко будењето рано наутро, особено првиот работен ден од неделата. Меѓутоа, доколку во недела заминете порано на спиење, ќе се разбудите свежи и одморни во понеделник, а ќе забележите и колку се убави и опуштени нешта може утрото да ви донесе.

3. Појадувајте

5-najdobri-nachini-da-go-zasakate-ponedelnikot-4.jpg

Не го потценувајте најважниот оброк во денот. За да ја внесете потребната енергија, станете порано, па подгответе си здрав појадок, и вашиот ден може да започне. Истражувањата покажуваат дека личностите кои го прескокнуваат појадокот се помалку ефективни на работното место, како и дека го немаат потребното ниво на концентрација. Оттука произлегува и стресот, а со тоа и причините поради кои понеделникот е толку омразен.

4. Поставете си реална цел

5-najdobri-nachini-da-go-zasakate-ponedelnikot-5.jpg

Давањето одредена структура на вашиот ден ќе ви биде од повеќекратна полза, како за зголемување на креативноста, така и како можност за одредување на приоритетите. Воедно, ќе ви помогне во организацијата на денот, поради што ќе имате чувство дека ги држите сите конци во свои раце.

5. Бидете љубезни

5-najdobri-nachini-da-go-zasakate-ponedelnikot-6.jpg

Важно е да запаметите дека без оглед на тоа колку ви е лош денот, секогаш може да биде и полошo. Доколку не можете да смислите ниту ден начин како својот ден да си го направите подобар, зошто да не се обидете да му го разубавите и подобрите денот на некој друг? Бидете љубезни кон сите. Ако ништо друго, подарете некому насмевка - на странецот во автобусот, случајните минувачи на улица, на колегите, пријателите. Ќе забележите дека наскоро ќе ви биде возвратена позитивната енергија, и дека понеделникот, но и целата недела ќе ви биде и тоа како добра.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 начини на кои алфа жените поставуваат граници само со зборови „Нема да можам да го направам тоа“ - Јасно и без вина одбиваат кога нешто не им ...
8 знаци дека генерацијата Z веќе не ги прифаќа старите начини на работа (и како ги смени со нови нор... Одбиваат менаџерски позиции, не остануваат долго на една позиција, инсистираат н...
Кендал Џенер и „клетвата на Кардашијанс“, враќање на Backstreet Boys: Најдобрите реклами за Super Bo... Рекламата со Кендал Џенер е веќе меѓу најпопуларните – ријалити ѕвездата ја спом...

Најчитани неделава