15 работи кои ги разбираат само оние кои имаат строги родители

Ако сте имале прилично строги родители ќе се препознаете во многу од овие ситуации.

15-raboti-koi-moze-da-gi-razberat-samo-onie-koi-imale-strogi-roditeli-1

Проверете колку се строги вашите родители на скала од 1 до 15:

1. Секогаш сте тој/таа што мора да си оди порано, кога сите други остануваат да се дружат.

2. Кога треба да одите да спиете некаде на друго место, пред тоа психички се подготвувате дома два дена само за да побарате дозвола. Подготвувате сериозни аргументи за како да реагирате ако ви кажат не.

3. Никогаш не можете да донесете спонтана одлука за патување како сите други во вашето друштво.

4. Стоите пред огледало и вежбате како ќе побарате нешто од вашите родители и како ќе одговорите на прашањата што знаете дека ќе ве прашаат.

5. Следите во какво расположение се и кога се насмеани и среќни за да одите да разговарате.

6. Правите жален израз на лицето за да ви се смилуваат пред воопшто да прашате нешто.

7. Секогаш мора да изберете дали ќе излезете во петок или во сабота, затоа што нема шанса да ви дозволат да излезете двапати преку викенд.

8. Ве фаќа паника кога плановите за каде треба да одите се менуваат затоа што одново треба да објаснувате на вашите родители точно што ќе правите.

9. Мора да лажете за сè, и константно се плашите да кажете што точно сте правеле.

10. Не можете да одберете што ќе облечете без пред тоа да размислите што ќе ви кажат родителите.

11. Никогаш не сте ни помислиле да ставите тетоважа или да се исфарбате. Знате дека нема шанси да ви дозволат.

12. Секогаш го менувате каналот на телевизија ако вашите родители влезат во собата. Се плашите дека некој од актерите во филмот случајно може данаправи нешто недолично.

13. Нема пострашно чувство отколку кога ќе видите пропуштен повик од вашите родители.

14. Ве прашуваат на што точно сте ги потрошиле парите.

15. Ако задоцните 5 минути дома вашите родители креваат огромна паника и тоа автоматски се претвара во лекција која трае со часови.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава