Пандора и Пандорината кутија

prikaznata-za-pandorinata-kutija-povekjeСигурно сте чуле за приказната за Пандорината кутија, која всушност е приказна за настанувањето на светот. Според митологијата, додека постоеле...

 

...боговите, врховниот бог Зевс им ја доделил задачата на Прометеј и Епиметеј да создадат луѓе.

prikaznata-za-pandorinata-kutija

Најпрво Епиметеј ги создал животните, па го повикал својот брат да додаде и тој нешто. Прометеј го создал човекот сличен на боговите.

На Зевс не му се допаѓало тоа што луѓето наликувале на боговите, па се одлучил нешто да промени.

За да не ги меша двајцата браќа кои ги создале првите луѓе, побарал од својот син Хефест, кој бил ковач, да искова жена. Така настанала Пандора.

Била преубава, љубезна и весела. Зевс ја ветил за Епиметеј, кој лесно се заљубил во неа, а Зевс како свадбен подарок им дал кутија полна со болести, недостатоци, патење, злоба и слични неубави работи.

Ниту Пандора, ниту Епиметеј не знаеле што се крие во кутијата, а Зевс со насмевка им наредил никогаш да не го отвораат тој подарок.

Љубопитната Пандора не можела да одолее, и кога ја отворила кутијата сите зла се разнеле по Земјата.

Се обидела да ги врати назад, но не успеала. Останале само надежта и копнежот.

Е сега, кој е виновен за злата на земјата – мажите или жените?Wink

Би можело да ве интересира:

Татко му го носел во фабриките за кокаин уште на 9 години: Каде е денес синот на Пабло Ескобар? Хуан Пабло, синот на Пабло Ескобар, денес живее под друго име – Себастијан Марок...
Моќно видео: Немажените сакаат брак, невработените - работа, паровите без деца - деца, но... Тие што се во брак размислуваат за развод. Тие што се сингл сонуваат да се ожена...
Инспиративна компилација: Луѓе кои си ги исполниле своите соништа Дете со церебрална парализа кое завршило факултет и ќе работи како адвокат, маж ...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg