Зошто Дизни хероините секогаш носат сина облека?

Доколку внимателно сте ги следеле Дизниевите класици, веројатно сте забележеле дека речиси и да не постои хероина која нема нешто сино на себе.

zoshto-dizni-heroinite-sekogash-nosat-sina-obleka-1.jpg

Пепелашка, Аурора, Ариел, Тијана, Мерида, Јасмин и Елса носат сини фустани. Мулан и Снежана имаат впечатливи сини елементи на нивните фустани, додека Бел и Ана имаат сини здолништа. Дури и ѓерданот на Покахонтас е син, а е фокусна точка на нејзиниот изглед.

Знаете ли зошто? Со облекување на женските протагонисти во сина боја, Дизни на мошне суптилен начин ги зајакнува нивните ликови, давајќи им дополнителна важност. Во психологијата, за сината боја се смета дека одразува смиреност, интелигенција, сигурност, доверба и суптилен авторитет.

„Светло сината боја содржи доза на префинетост. Бел е единствената која носи сино во нејзиното село. На тој начин се издвојува од другите, но и истакнува од своето опкружување“ – открива Жаклин Дуран, костимографката која ги осмисли костимите на Ема Вотсон за филмската адаптација на анимираниот филм „Убавицата и ѕверот“.

„Сината облека има активна моќ, практична е и со неа може да се прават многу нешта“ - додава костимографката.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
„Бев инфлуенсерка и го експлоатирав син ми за кликови – има Даунов синдром, го снимав и кога плачеше... „Кога веќе имав 100.000 следбеници, син ми Диего си дојде дома со плачење – го и...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...

Најчитани неделава