Постојат три типа на селфи - какви се вашите фотки?

Што и да мислиме за нив, селфи фотографиите се неизоставен дел од нашето секојдневие, без оглед на тоа дали ги правиме самите ние, или, пак, само ги следиме туѓите „дела“ на социјалните мрежи, а кои и да сакаме на може да ги избегнеме.

postojat-tri-tipa-na-selfi-kakvi-se-vashite-fotki-1.jpg

Истражувајќи ги причините поради кои поединците прават селфи фотографии, од Универзитетот „Brigham Young“ дошле до заклучок дека постојат три основни категории, и тоа: комуникатори, автобиографи и самопромотери.  

Иако најчестата теорија досега беше дека оние кои прават селфи фотографии се егоцентрични и вљубени во самите себе, најновото истражување кое го негира ваквото тврдење, класифицирајќи го овој тип на луѓе и нивните автопортрети во само една од трите главни категории.

postojat-tri-tipa-na-selfi-kakvi-se-vashite-fotki-2.jpg

Прочитајте го описот за секоја од нив:

1. Комуникатори

Тие ги споделуваат своите селфи фотографии како начин за отпочнување дијалог со своите следбеници. Ним им е најважна двонасочната комуникација.

Одличен пример беа последните претседателски избори во САД, кога многумина поставуваа свое селфи со натписот „I voted" („Гласав“), со што сакаа да отворат расправа или поттикнат и останатите да гласаат.

Пример од светот на славните е Леонардо ди Каприо, чиј Инстаграм речиси во целост е посветен на заштита на животната средина.

2. Автобиографи

Во оваа категорија спаѓаат личностите на кои селфи фотографијата им е алатка за документирање на сопствениот живот, важните моменти и спомени.

Тоа се оние кои ги споделуваат своите фотографии бидејќи сакаат да ги видат и другите, но не им премногу важно дали и каков фидбек ќе добијат.

Примери се астронаутот Скот Кели, кој објави неколку селфија од вселената, како и блогерката Кјара Ферањи, која редовно поставува селфи фотки од своите дневни активности, оброци и патувања.

3. Самопромотери

И покрај вкоренетото мислење дека селфи фотографиите пред се се неприродна манифестација на егото и суетата, самопромоторите се всушност најмалата група.

Тоа се луѓето кои имаат потреба да го документираат цел свој живот, а притоа сакаат да се претстават во многу позитивно светло.

Во оваа група припаѓаат ѕвездите на социјалните мрежи, како што се Тејлор Свифт, Џиџи и Бела Хадид, и секако, селфи-кралицата Ким Кардашијан, која ја објави и книгата  со назив „Selfish", посветена исклучиво на нејзините фотографски автопортрети.

Воедно, во музејот на восочни скулптури „Мадам Тисо“ во Лондон, се наоѓа и скулптурата на Ким Кардашијан како фотографира – селфи.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...
Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...
16 пати кога фотографиите покажуваат илузија многу поинаква од реалноста „На прв поглед си помислив дека се проѕирни, а не дрвени прегради“. „На прв п...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
10 необични фотографии кои ќе ви измамат насмевка Куче што прави откачени фаци кога го фотографираат, авион кој наликува на насмеа...
Ретки фотки од секојдневието на познатите личности од минатото Марија Кири со нејзиниот велосипед, Коко Шанел на трка со коњи, Марк Твен игра б...

Најчитани неделава