Зошто невестите имаат деверуши?

Со почетокот на пролетта, почнуваат и многубројните венчавки на кои ќе бидете поканети. Но, позади секоја венчавка стои некаква традиција која се повторува од генерација на генерација.

zosto-nevestite-imaat-deverusi-001.jpg

Идејата да се има деверуши на свадбата кај нас е дојдена од холивудските филмови, меѓутоа позади таа идеја всушност постои долга историја.

Традицијата почнала во антички Рим кога за една венчавка да се смета дека е легална, на венчавката морало да присуствуваат 10 сведоци. Улогата на деверушите била да се облечат слично или исто како невестата со цел да ги залажат лошите духови или непријателите од вистинскиот живот, и да ја свртат нивнита лоша енергија кон себе, со цел да ги заштитат младоженецот и невестата.

Во викторијанската ера, деверушите добиле и нова улога слична на денешната модерна улога со тоа што помагале во организирањето на венчавката. Сепак, продолжиле да ги гонат лошите духови со тоа што фрлале цвеќиња, тревки и лук одејќи кон олтарот.

Од таму доаѓа и идејата за букетот кој модерните деверуши го носат на венчавките денес.

zosto-nevestite-imaat-deverusi-2.jpg

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
„Живеам на Алјаска, каде температурите во зима се -40˚C – се греам на дрва, носам волнена долна обле... Американецот Џош Спајс веќе 16 години живее на Алјаска и за него температурите к...
Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Семејство од САД ја украсува истата елка цела 42 години: „Веќе е дел од нашето семејство, еднаш ја с... Семејство од Калифорнија цели 42 години ја кити истата елка за празничната сезон...
Фотки што ќе ве разгневат: Мрзливи мажи кои очекуваат сопругата да им биде и слугинка „Бев отсутна од дома цела недела. Сопругот направил куп со неговата валкана обле...

Најчитани неделава