Како да комуницирате со токсични луѓе?

Понекогаш мораме да се соочиме со тешки луѓе, со оние кои даваат непотребни совети, критикуваат и го изразуваат своето мислење тогаш кога треба и не треба.

ednostavni-pravila-za-komunikacija-so-toksicnite-lugje-01.jpg

За да ги избегнете потенцијалните конфликти со ваквите личности, треба да знаете неколку трикови како да комуницирате со нив.

Поточно, треба да знаете 7 начини како да комуницирате со токсичните луѓе:

1. Зборувајте јасно и самоуверено

Тешките луѓе имаат тенденција да даваат нејасни информации, за потоа да ве критикуваат, ако не сте направиле нешто така како што очекувале. Па, со нив, потребно е секогаш да биде јасни за да нема забуни и причини за расправии.

ednostavni-pravila-za-komunikacija-so-toksicnite-lugje-1.jpg

2. Разликувајте ги грижата за некого и потребата за одобрување

Овие луѓе сакаат да се грижат за вас и го прикажуваат тоа како да е искрен интерес за вашите потреби, но во основа е себично однесување од кое тие ја самопотврдуваат сопствената важност. Следен пат не дозволувајте да паднете во замката да добивате непотребна помош.

ednostavni-pravila-za-komunikacija-so-toksicnite-lugje-2.jpg

3. Поставете граници

Бидејќи тешките луѓе избегнуваат јасни ситуации, важно е да поставите ограничувања. На пример, на колегата објаснете му дека професионалните односи остануваат само во канцеларија или јасно изразете до каде се вашите граници на пријателите.

ednostavni-pravila-za-komunikacija-so-toksicnite-lugje-3.jpg

4. Треба да знаете кога да се стопирате

Понекогаш треба да знаете кога е време да престанете да комуницирате со одредена личност. Кога гледате дека работите нема шанси да се променат подобро е односот комплетно да го прекинете.

ednostavni-pravila-za-komunikacija-so-toksicnite-lugje-4.jpg

5. Повлечете се

Ако однесувањето на тешката личност почнува сериозно да го нарушува вашето расположение, а гледате дека не можете наеднаш да си заминете, најдобро е тоа да го направите постепено.

ednostavni-pravila-za-komunikacija-so-toksicnite-lugje-5.gif

6. Не ја сфаќајте работата лично

Понекогаш е тешко да прекинете разговор кој е штетен за вашето емотивно здравје, посебно кога и сосема обични работи знаат да се претворат во конфликт. Затоа, следен пат обидете се да бидете што е можно подиректни или едноставно не влегувајте во дискусија која знае да заврши лошо за вас.

ednostavni-pravila-za-komunikacija-so-toksicnite-lugje-6.jpg

7. Правете што сакате

После разговорот со тешка личност секогаш останува некакво чувство на недовршеност, на незадоволство. Но, од друга страна пак, понекогаш како самите да се раните од таквите односи иако после нив се чувствувате како исцеден лимон. Во основа, сè се сведува на тоа да правите што сакате и како сакате.

ednostavni-pravila-za-komunikacija-so-toksicnite-lugje-7.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава