Дали одредена книга навистина може да ви го промени животот?

Секоја година милиони луѓе се во потрага по совршената книга – онаа која ќе ја стимулира нивната имагинација и ќе ги инспирира да преземат акција и со храбри чекори да свртат нов лист. Илјадници самопомагачки книги ги нудат „тајните“ за исполнетост, среќа, успех и напредок.

Dali-odredena-kniga-moze-da-vi-go-promeni-zivotot-01.jpg

Многу луѓе може да набројат книга која имала влијание врз нивниот живот, на тој начин што ги натерала да размислуваат и да се однесуваат поинаку.

Книгите им помогнале на многумина да ја трансформираат нивната кариера, да стават крај на лошите љубовни врски, да го подобрат своето здравје, да лансираат бизнис, да ја зголемат продуктивноста како и парите кои се слеваат на нивната сметка. И сето ова се должи на читањето книги.

Голем дел од идеите, советите и техниките кои се нудат во книгите се непроценливи. Зборовите на авторот, неговите искуства и дијалози имаат моќ да ви го просветлат умот и да ве мотивираат да им дадете шанса на мудрите практични совети.

Некои книги навистина се проникливи, го поттикнуваат размислувањето и инспирираат.

Сепак, кога станува збор за препорачување книга која ќе ви го промени животот, не можеме да предложиме само една. Бидејќи не постои само една таква книга. Да би било така, сите би ја знаеле, сите би ја имале во домашната библиотека и при рака, и сите би биле совршено среќни и задоволни.

Онаму каде што сте денес е директен резултат на вашите одлуки и дејствија во минатото. Доколку сакате да направите промена во вашиот живот, потребно е да започнете да донесувате нови одлуки и да научите да постапувате малку поинаку.

Секогаш е добро да се читаат книги кои инспирираат, да се учи од искуството на другите луѓе кои веќе го поминале тој тежок пат. Книгите може да го збогатат вашето лично искуство, да ја променат перцепцијата со која гледате на работите и да ве однесат во нова насока - но само доколку им дозволите.

Книгата сама по себе нема да ви го смени животот, но ќе ви даде доволно совети, стратегии и техники потребни за промената која треба да ја направите.

На крајот, сé зависи од вас. Вие самите треба да имате силна желба да направите промена кон подобро. Вие сте оние кои треба да донесете одлука, да бидете храбри, истрајни и да верувате во себе.

Книгата е само катализатор на вашиот самоусовршувачки процес кој води кон подобар и посреќен живот.

И не мора тоа да биде самопомагачка книга, понекогаш тоа може да биде најсмешниот, најчудниот избор од полиците, но важно е вам да ви одговара.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...

Најчитани неделава