Стратегија од Google тренер: Како да го креирате вашиот идеален живот?

Колку пати во животот сами на себе сте си ветиле дека ќе си го доведете животот во ред? Привлечен предлог, но исто така и неверојатно сериозен и тежок за остварување.

strategija-od-google-trener-kako-da-go-kreirate-vashiot-idealen-zivot-01.jpg

Како можете да напредувате на професионален план и истовремено да бидете добар родител, посветен партнер и пријател? Како можете да балансирате меѓу обврските и работите кои ве релаксираат?

А, што е со сметките? Постои начин како да патувате и да уживате во некоја остроумна книга и да се посветите на домашните обврски?

Често посветувањето на една приоритетна работа во животот, нè тера да игнорираме друга и да не ги остваруваме сите важни цели.

За среќа, Џени Блјек, поранешен кариерен тренер и стратег на Google има развиено едноставна алатка која ќе ви помогне. Таа сугерира да користите мапа на умот со која на визуелен начин ќе си го претставите вашиот идеален живот.

Со оваа мапа можете да си ги организирате приоритетните работи во животот и подеднакво да се посветите на сите работи кои ви се од голема важност.

Како сами да ја креирате мапата?

1. Напишете ја годината во центарот на листот

Оваа мапа треба да ја правите еднаш годишно за да водите сметка на сите долгорочни цели.

2. Нацртајте линии за сите работи кои ви се важни во животот

Тука може да ви бидат вклучени, пример, семејството, работата, пријателствата, здравјето, патувањето, креативноста, развивањето на вештини...

3. За секоја категорија прашајте се себеси како би изгледала вашата успешна година на тоа поле

Дали би сакале да заштедите 10 проценти од заработените пари? Да се поврзете со пријател кој одамна не сте го виделе? Да дојдете до напредување на работа?...

4. Дефинирајте си ги паметните цели

Најдете специфични начини како да одговорите на тие прашања и да ги исполните ваши цели и запишете ги на листот хартија.

5. Погледнете ја мапата во целина

Дали го прикажува вашиот идеален живот? Дали најдобро сте се прикажале себеси? Дали сте возбудени за остварувањето на сите цели?

Како ќе изгледа вашата мапа?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава