10-те најскапи шишиња вода во светот
Постои низа од добри причини зошто водата е здрава и зошто треба да ја консумираме почесто. Па, токму таа нејзина неопходност била причина дизајнерите да ја спакуваат луксузно и префинето.

Прашањето е: Колку сте подготвени да платите за шишенце вода?
Fine - 750ml, 5 долари
Јапонска луксузна вода во елегантно стаклено шише. Цената е повисока бидејќи изворот на водата се наоѓа 600 метри под стари вулкански карпи.

Tasmanian Rain - 750ml, 5 долари
Се работи за дождовна вода собирана дикретно во шише, без да ја допре земјата.

Lauquen Artes Mineral Water – 750ml, 6 долари
Планинска вода која ја има исклучиво во најлускузните хотели и ресторани.

AquaDeco - 750ml, 12 долари
Врвна вода од недопрени извори кои се наоѓаат во Канада.

10 Thousand BC - 750ml, 14 долари
Вода од далечно и егзотично место од брегот на Канада.

Veen - 750ml, 23 долари
Вода флаширана во Финска, која може да се купи во само 7 европски земји.

Bling H20 - 750ml, 40 долари
Тука го плаќате шишето, бидејќи е украсено со Сваровски кристали.

Fillico - 750ml, 219 долари
Неверојатно скапа вода, каде повторно ги плаќате дизајнираните шишиња.

Kona Nigari - 750ml, 402 долари
Втората најскапа вода во светот се продава во Јапонија.

Acqua di Cristallo Tributo a Modigliani - 750ml, 60.000 долари
Најскапото шише вода е изработено од 24-каратно злато, а водата исто така содржи 5 милиграми златна прашина.

М. Д. | Црнобело