Пријателствата нè прават посреќни од семејствата, затоа ценете ги

Уште од мали нозе бевте убедени дека најдобриот/ата пријател/ка ве прави посреќни и поисполнети? Дека со него/а можете сè да споделувате?

prijatelstvata-ne-pravat-posrekjni-od-semejstvata-zatoa-cenete-gi-01.jpg

Не сте биле далеку од вистината.

Ново истражување направено на Универзитетот во Мичиген открива дека пријателите нè прават посреќни и поздрави отколку членовите на семејството.

„Пријателите се свесен избор, додека семејните односи можат да бидат сериозни, негативни и еднолични“ - вели Вилијам Чопник, авторот на истражувањето и психолог.

Инаку, самото истражување било поделено на два дела.

Во едниот дел биле анкетирани околу 300 луѓе на возраст од 15 до 99 години во повеќе од 90 земји.

Откриено е дека на повеќето испитаници далеку поважни им биле пријателствата.

Во другиот дел биле испитувани 7.48о луѓе постари од 50 години. Истите биле следени во текот на 6 години.

Заклучено е дека ако пријателствата стануваат полоши и подалечни, тогаш и стапката на болести се зголемува.

Од друга страна пак, семејството нема многу врска со здравјето.

Партнерите и децата влијаат на нас, но не толку колку пријателствата.

Чопник вели дека пријателствата ни помагаат да одржуваме одредено ниво на висока самодоверба и да се соочуваме со стресот.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...

Најчитани неделава