13 мали работи со кои ќе заштедите пари без да забележите

Штедењето пари е една од оние работи за кои нема кој не се труди да му стане навика. Но, со толку многу правила и трикови веќе не знаеме од каде да почнеме и што е најдобро.

13-mali-raboti-so-koi-kje-zashtedite-pari-bez-da-zabelezhite-01.jpg

Следниве неколку работи се едноставни и можете да ги правите секојдневно, без да почувствувате драстична разлика и постепено ќе забележите дека сте заштедиле без да сте преокупирани со тоа:

1. Не купувајте кафе за носење секој ден. Одвојте денови во неделата кога кафето ќе го подготвите дома и ќе си го однесете на работа, на факултет или каде и да го поминувате денот.

2. Дами, не одете често на маникир и педикир. Продолжете да посетувате козметичко студио, но не мора постојано да сте опседнати со тоа. Седнете и средете ги ноктите сами одвреме-навреме.

3. Не купувајте готова храна секој ден. Подгответе си дома едноставни оброци или пак, ветете си дека три дена ќе готвите, а следните два дена ќе се почестите во некој ресторан. И обидете се да го одржите ветувањето.

4. Носете си шише или термос со вода, наместо постојано да купувате вода во мали пластични шишиња кои потоа ќе ги фрлите.

5. Продајте некои работи што не ви требаат онлајн. Со ова всушност не штедите, туку заработувате, но вреди да се спомене ако целта ви е да имате повеќе пари. Направете си профил на некој сајт за продажба и понудете ги работите што не ги користите повеќе.

6. Исклучете ги светлата, клима уредот, телевизорот, лап-топот и други електрични апарати пред да излезете од дома. Ќе заштедите струја и ќе би стигне помала сметка.

7. Ветете си дека секој ден ќе тргате настрана од 10 до 50 денари, во зависност од моменталната финансиска ситуација. Чувајте ги во касичка или во некој сад и не заборавајте да го дополнувате износот.

13-mali-raboti-so-koi-kje-zashtedite-pari-bez-da-zabelezhite-02.jpg

8. Барајте каде има попусти. Бидете во тек со попустите во супермаркетите и трговските центри или купувајте со купони. Можеби 10 или 20% не звучат многу, но со тек на време ќе заштедите повеќе пари.

9. Купувајте го само она што во моментот ви е потребно. Ако не ви треба ново тавче или нова блуза што знаете дека ретко ќе ја носите, одолејте на таа желба.

10. Станете успешни во проектите „направи сам“. Гледајте видеа или читајте како да направите нешто ново од нешто старо и со малку труд и креативност направете интересни украси за дома. Ем ќе имате ново, интересно хоби, ем ќе заштедите пари.

11. Престанете да пушите цигари. Пресметајте колку пари трошите дневно на оваа лоша навика и сé ќе ви стане јасно.

12. Следете ги промоциите и купувајте производи во поголеми количини кои можете да ги чувате за понатаму. На пример, шампон од 500 милилитри со намалена цена или три пакетчиња ориз со кои ќе добиете дрвена лажица гратис.

13. Не излегувајте секој ден. Викнете ги пријателите на гости или договорете се да седнете во парк или некаде надвор.  

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...

Најчитани неделава